info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Поништени апликациите за зелена карта од 3-ти до 10-ти октомври

Print Friendly, PDF & Email

Поради технички проблем, лицата кои аплицирале за програмата Лотарија за зелена карта на САД, треба повторно да аплицираат, јави Стејт департментот

Апликациите за иселеничката визна програма на САД, позната како Лотарија за зелена карта, кои биле поднесени во периодот од 3-ти до 10-ти октомври, се изгубени поради технички проблеми.

Лицата, кои ги поднеле апликациите во текот на овој период, треба повторно да аплицираат, соопшти Стејт департментот.

„Апликациите испратени од 3-ти до 10-ти октомври не се важечки, и се исклучени од системот. Нема да се сметаат за двојно пријавување“, се вели во информацијата на веб страницата на Стејт департментот.

Двојните апликации за оваа програма ги дисквалификуваат кандидатите за имигрантски статус

„Техничкиот проблем е решен, и новиот период за аплицирање ќе почне на 18-ти октомври 2017-та година, и ќе трае до 22-ри ноември 2017-та“, се вели во информацијата, во која, исто така, се нагласува апликантите да ги фрлат потврдниот број или документите за претходните неважечки апликации.

Не е јасно дали Стејт департментот бил во можност да ги нотифицира апликациите индивидуално.

За оние што немаат семејство во САД, работодавец да ги спонзорира, или кои не се водат како бегалци, програмата за зелена карта на лотарија е единствена опција.

Потребно е диплома од средно училиште или неколку години работно искуство за квалификација.

Ако, пак, апликацијата е валидна, лицата имаат потврден број и ги исполниле другите услови за имигранти, сепак треба да платат за да влезат во САД.

Во фискалната година 2015-та, САД издале 48.097 визи на лотарија, од вкупно 531.463 имигрантски визи

Добитниците на актуелната лотарија, ќе ги земат нивните визи во фискалната 2019-та година, која трае од први октомври 2018-та до 30-ти септември 2019-та година.

Можат да се квалификуваат сите држави, освен родени во Бангладеш, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Хаити, Индија, Јамајка, Мексико, Нигерија, Пакистан, Перу, Филипините, Јужна Кореја, Обединетото Кралство (освен Северна Ирска), и нејзините територии, како и Виетнам.

Лицата родени во Хонгконг, Макао и Тајван можат да аплицираат за оваа програма.

About the Author
Registrations

Формулар за туристичка виза за Канада

 
Пополнете го формуларот и очекувајте нашите консултанти да ве повикаат за повеќе детаљи околу потребни документи, исполнување на услови и целокупната понатамошна постапка. За повеќе информации јавете се на 047224155.
Ариес Виза Центар
Password must be at least 7 characters long.
Navedete vrska, ime i prezime i data na ragjanje na sopatniokot
Ako odgovorot e da, navedete datumi koga ste prestojuvale od/do...
Ako odgovorot e da, navedete datum i pricina za odbivanjeto
Ako odgovorot e da navedete koga aplikacijata e podnesena i do kade e procesot za odobruvanje
Ime i prezime, data i mesto na raganje na tatkoto i majkata
Ako odgovorot e da, navedete koj i kade se naogja
Ako odgovorot e da, navedete kade i koga ste ziveele vo Kanada
Dokaz za srodstvo prestavuva dokument vo koj se gleda povrzanosta (izvodi od maticna kniga na rodeni)
Za sekoj tip na vrabotuvanje e potrebno da dostavite dokaz (potvrda od rabota, M1M2, dogovor za otkup na zemjodelski proizvodi i slicno)
Navedete so sto se zanimavate
Navedete od kogo i kako?
Navedete kade i vo koj period ste patuvale vo stranstvo

Почитувани, Вашите податоци ќе бидат искористени само за потребите на апликацијата за виза и грижливо чувани од трети лица. Ви благодариме за довербата.

Please login to view this page.
Please login to view this page.
Please login to view this page.