info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Au Pair USA

Print Friendly

Au Pair претставува програма за културна размена на внимателно одбрани, комуникативни и флексибилни млади луѓе, кои сакаат да работат како бебиситери во американски семејства.

Цели на програмата

Аu pair  е одлична можност за подобрување на Англискиот јазик, стекнување самодоверба, способност за организација и осамостојување. Кандидатите  кои заминуваат на оваа програма, добиваат одлично искуство, запознавање на Американската култура и начин на живот, а воедно и им овозможуваат на многу американски семејства  да се запознаат со нашата култура имајќи постојана и доверлива личност која ќе се грижи за нивните  деца. Секојдневна комуникација на англиски јазик, стекнување на нови пријателства, изучување дизајн, фотографија или глума… Ова е само дел од она што ги очекува сите кандидатите кои ќе ја одберат оваа одлична можност.

Опис на програмата

Времетраењето на програмата е 1 година, со можност за нејзино продолжување од 6, 9 и 12 месеци. Програмата започнува со 4 дневен тренинг во New York, по кој што кандидатот заминува во претходно внимателно одбраната фамилија. Трошоците за авионски карти, трансфери, сместување и храна, се обезбедени од семејството домаќин. Семејството исто така обезбедува 500$ годишно,  за дополнително школување на кандидатот, кое по негова желба може да биде курс за: англиски јазик, глума, фотографија или дизајн. Здравственото осигурување, визата и работната дозвола за кандидатот  се претходно обезбедени. Исто така кандидатот има постојана поддршка од агенцијата, како и од лице од Америка кое го следи и со своето искуство му помага во снаоѓањето. Работните обврски на кандидатот се во врска со чување и воспитување на децата и помош во завршување на домашните обврски поврзани со децата. Работното време се дефинира со семејството, притоа прилагодувајќи се на нивните обврски и потреби. Студентот работи од 40 – 45 часови неделно, има 2 слободни дена во неделата  и 2 недели платен годишен одмор, кои може да ги искористи за шетање  и посета на атрактивни локации ширум Америка. Платата   изнесува 800$ месечно.

Критериуми кои треба да ги исполнува студентот

 Кандидатот треба да биде на возраст од 18 – 26 години, со минимум средно ниво на познавање на англиски јазик и завршено најмалку средно образование. Пожелно е кандидатот да има возачка дозвола и искуство со чување деца.  Кндидатот треба да е комплетно здрав, да нема криминално досие и да не е одбиван за виза. Исто така, важно е кандидатот да биде позитивен, комуникативен и стабилен, за да може добро да се претстави пред фамилиите кои ќе одбираат кандидат.

Цена на програмата:

 Апликативни трошоци – 60$

Цена на програма – 660$

Sevis Tax – 35$

Американска виза – 141$

Пин код 12$

—————————————

Вкупни трошоци – 910$

Чекори при аплицирање:

 Чекор 1:  Интервју на англиски јазик

Чекор 2:  Потпишување на договор со ZIP Travel, за регулирање на правата и обврските

Чекор 3:  Комплетирање на сите документи и процесирање на апликацијата

Чекор 4: Процес на одбирање семејство домаќин

Чекор 5:  Комплетирање на сите потребни документи за во US Embassy – Скопје

Чекор 6:  Интервју за виза во US Embassy – Скопје 

About the Author