info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Бизнис визи

Print Friendly

Е1 Визае привремена работна виза за трговци и одредени квалификувани работници, да дојдат во САД и да се вклучат во меѓународната трговија вклучувајѓи трговија на стоки, услуги, банкарство, осигурување, туризам, транспорт и технологија.

Оваа виза е достапна само за државјани на земји со кои САД има договор за пријателство, трговија и навигација или сличен аранжман.

За да биде квалификуван барателот треба да биде државјанин на следниве држави:

Аргентина, Австрија, Белгија, Боливија, Босна и Херцеговина, Брунеи, Канада, Чиле, Кина (Тајван), Колумбија, Коста Рика, Хрватска, Данска, Естонија, Етиопија, Финска, Франција, Германија, Грција, Хондурас, Иран, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Јордан, Кореа, Латвиа, Луксембург, Македонија, Мексико, Холандија, Норвешка, Оман, Пакистан, Парагвај, Филипини, Полска, Сингапур, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Того, Турција, Велика Британија.

Вработените во организациите кои сакаат да аплицираат за Е1 виза, мора да доаѓаат во САД во својство на извршител или претпоставен за да може да има контрола и одговорност врз работењето на организацијата. За да се квалификува, организацијата мора да биде во сопственост на лица ( најмалку 50%) кои се државјани на горенаведените земји.

Исто така, Е1 виза – кандидатите, треба да исполнат и одредени здравствени барања.

Е1 виза – на носителот му дава право да живее и работи во САД привремено. Обично се издава за период од 2 години. Траговецот или работникот може да работи врз основа на визата што треба да се издаде. Било какви промени, треба да бидат во согласност со Е1- визата и да биде одобрено од USCIS.

Е2 Виза e привремена работна виза за инвеститори и одредени квалификувани работници, која им овозможува да дојдат во САД и да инвестираат во некој бизнис. Инвестирањето на средствата треба да биде со намера за генерирање на профит и обезбедување на успешна операција за бизнис.

Оваа виза е достапна само за државјани на земји со кои САД има договор за пријателство, трговија и навигација или сличен аранжман.

За да биде квалификуван барателот треба да биде државјанин на следниве држави:

Албанија, Аргентина, Ерменија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Бахраин, Бангладеш, Белгија,Боливија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Камерун, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Конго, Коста Рика, Хрватска, Република Чешка, Еквадор, Египет, Естонија, Етиопија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Гренада, Хондурас, Иран, Ирска, Италија, Јамајка, Јапонија, Јордан, Казакхстан, Кореа, Киргистан, Латвиа, Либерија, Литванија, Луксембург, Македонија, Мексико, Молдова, Монголија, Мароко, Холандија, Норвешка, Оман, Пакистан, Панама, Парагвај, Филипини, Полска, Романија, Сенегал, Сингапур, Република Словачка, Словенија, Шпанија, Шри Ланка, Суринам, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Того, Тринидад и Тобаго, Тунис, Турција, Украина, Велика Британија.

Покрај тоа, инвеститорот треба да инвестира значителен износ на капитал во трговските друштва во САД кои имаат намера да се развијат. Не може да се инвестира во непрофитни претпријатија, бидејќи не го исполнуваат овој договор.

Вработените на организациите кои сакаат да аплицираат за Е2 виза, мора да доаѓаат во САД во својство на извршител или претпоставен за да може да има контрола и одговорност врз работењето на организацијата. За да се квалификува, организацијата мора да биде во сопственост на лица ( најмалку 50%) кои се државјани на горенаведените земји.

Исто така, Е2 виза – кандидатите, треба да исполнат и одредени здравствени барања.

Е2 виза – на носителот му дава право да живее и работи во САД привремено. Обично се издава за период од 2 години. Траговецот или работникот може да работи врз основа на визата што треба да се издаде. Било какви промени, треба да бидат во согласност со Е2- визата и да биде одобрено од USCIS.

Сопружниците и немажени (неженети) деца до 21 година, можат да аплицираат за Е2 виза за да им се придружат на нивниот партнер или родител во САД.

Придружуваните сопружници и деца имаат право да студираат во САД, без да добијат студентска виза или можат да работат со одредени овластувања.

 

About the Author