info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Будимпешта-Виена-Салцбург

Print Friendly

БИТОЛА- БУДИМПЕШТАВИЕНА-САЛЦБУРГ – ЉУБЉАНА – БИТОЛА

6 Дена / 3 НОЌЕВАЊА/ПОЛУПАНСИОН)

Салцбург Салцбург Салцбург Салцбург

1. Ден 18 Окт (Чет): Поаѓање од договореното место во 17 часот. Возење накај Будимпешта со попатни застанувања заради гранични формалности и одмор на групата. Ноќно возење.

2 .Ден 19 Окт (Пет): Пристигнување во Будимпешта во раните утрински часови. Заминување на разглед на градот со туристички водич. Посета на плоштадот на хероите, панорамска обикола на дворецот на Вајда Хунјади, Булеварот Адраши, Операта, Катедралата на Матија Корвина, посета на стариот дел на Будим – Рибарската кула, посета на Цитаделата. . Слободно време за прошетка по Ваци улицата – најпознатата улица во Будимпешта и време предвидено за ручек. Сместување во хотел и одмор.Вечера. Во вечерните часови крстарење со брод по Дунав и разглед на Будимпешта во вечерните часови. Посета дискотека .Ноќевање 1.

3 .Ден 20 Окт (Саб): Доручек. После доручекот заминување за Виена. По пристигнувањето во Виена тргнување во разгледување на дворецот ШЕНБРУН и паркот кој го опкружува дворецот, Прошетка низ прочуениот дворец ХОФБУРГ… Организиран разглед на градот со професионален водич. Слободно време за прошетка низ центарот на Виена и со договор со групата во вечерните часови тргнување за Салцбург. Пристигнување во Салцбург и сместување во хотел. Вечера.Ноќевање 2

4. Ден 21 Окт (Нед) : Доручек. По доручекот организиран разглед на градот на Моцарт. Можност за организиран разглед и посета на куќата – музеј на Wolfgang Amadeus Mozart, каде бил роден, живеел и ги створил своите најубави музички дела.споменикот на Моцарт, Готската катедрала, црквата Св.Петар, Универзитетската црква, паркот Мирабел… Слободно време за прошетка и купување на сувенири. Враќање во хотел. Вечера. Вечерта доколку постои можност посета на вечерен концерт (факултативно). Ноќевање 3

5. Ден 22 Окт (Пон): Доручек После доручекот заминување за Љубљана. Пристигнување во Љубљана во попладневните часови. Разглед на градот почнува пред барокната зграда на градското собрание, продолжува низ стариот центар на градот познат по неговиот единствен архитектонски изглед кој го обележуваат барокни и сецесиски градби и дела на архитектот Јоже Плечник. Ќе ги разгледаме катедралата Св.Никола, Змаевиот мост, Прешерновиот плоштад, Троструки мост… и слободно време за одмор и исхрана. Заминување за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи.

6. Ден 23 Окт (Вторник) Пристигнување во Битола во утринските часови.

Цената на Комплет аранжманот изнесува : 12,200 МКД (полупансион)

Цената е со Вкалкулиран ДДВ и останати јавни давачки.

 В: КВАЛИТЕТ – ПОНУДЕНИ УСЛУГИ И БЕНЕФИЦИИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА:

Превоз со Високо Туристички Автобуси на Неведената релација опремени со Клима, ТВ, ДВД по Европски норамтиви и дозвола за превоз на патници во Странство СПОРЕД ЕВРОПСКИТЕ НОРМАТИВИ СО РЕЗЕРВЕН ШОФЕР ВО СЕКОЈ АВТОБУС – оператор Џем Турс –Битола

1ноќевање на БАЗА НА ПОЛУПАНСИОН во Хотели со 3 (4)*** во Будимпешта

ДВЕ ноќевања на БАЗА НА ПОЛУПАНСИОНИ во Хотели со 3*** во Салцбург

Пратител и професионална организација на екскурзијата од страна на агенцијата

 Патничко Осигурување

Доктор за целовреметраење на екскурзијата

Локални лиценцирани водичи во сите градови предвидени за посета

Факултатива и влезници:

Салцбург

Дискотека 1 вечер = 8 еур

Концерт = 18 еур

 БУДИМПЕШТА

Крстарење по Дунав = 12 еур

Дискотека = 8 еур

ВИЕНА

 Шенбрун 12 еур (Доколку се разгледуваат само парковите не се наплаќа)

НАПОМЕНА : ПРИ ТРГНУВАЊЕТО СЕ ЗЕМА 30 ЕУР НА ИМЕ ДЕПОЗИТ ЗА ЕВЕНТУАЛНА ШТЕТА ВО ХОТЕЛИТЕ, КОЈА ШТО АКО НЕМА ШТЕТИ ИМ СЕ ВРАЌА НА ДЕЦАТА ПОСЛЕ НАПУШТАЊЕТО НА ХОТЕЛОТ

Г. УСЛОВИ , НАЧИН и РОК на ПЛАЌАЊЕ:

– СоМАСТЕР KАРД или ВИСА картички во согласност на договорот што секој родител ја има со банката издавач на картичката.

About the Author