Print Friendly, PDF & Email

Царството на Инките

Царство на Инките или Тавантинсују — најголемо царство во претколумбовска Америка. Административниот, политичкиот и воениот центар на царството бил градот Куско во денешната држава Перу. Царството се издигнало од високите планински предели на Андите во 13 век. Од 1438 до 1533 година користеле различни методи за проширување на царството, од освојувања со мирни соединувања. Таа се протегала на западниот дел од Јужна Америка, од Еквадор до Чиле.

Официјален јазик во Тавантинсују бил кечуанскиот јазик, иако стотина локални јазици и кечуански дијалекти се зборувале исто така. Кечуанското име на државата е Тавантинсују или Tawantinsuyu што во превод значи „четирите региони“ или „четирите ибединети покраини“. Пред реформите на правописот на кечуанскиот и ајмарскиот јазик често државата се пишувало како Тахуантинсујо. Името е составено од: tawan – „четири“, -ntin што означува „група“ или „унија“ и suyu што значи „регион“ или „покраина“. Така, царството било поделено на четири покраини и секоја покраина се спојувала со главниот град Куско.

Во царството се чествувале и славеле голем број на свети предмети или хуака, но раководството на Инките го охрабрувало населението да го слави Инти – богот на сонцето, но и останатите богови на Инките. Често Инките својот крал, Сапа Инка, го нарекувале „дете на сонцето“.

Кралство Куско

Своите организираци цивилизациски односи Инките ги започнале како мала група во долината на градот Куско во 12 век. Под водство на Манко Капак, тие создале град-држава Куско. Во 1438 година, тие започнале со освојување на територии и територијално проширување на своето кралство, под директно раководство на Сапа Инка Пачакути, чие име во превод значи земјотресач. Името му го дале по освојувањето на племето Чанкаси, односно денешни Апуримаки. За време на неговото владеење, тој и неговиот син Тупак Јупанки голем дел од Андите го ставиле под свое раководство, односно денешни Перу и Еквадор.

 

Реорганизација

Пачакути го организирал кралството и го претворил во голема царството со ново име – Тавантинсују. Царството имала федерален систем на политичка структура со централна власт на чело со Сапа Инка. Во политичката хиерархија во царството, второто место го заземале управителите на четирите покраини: Чинчасују на северозапад, Антисују на североисток, Контисују на југозапад и Коласују на југоисток. Исто така се верува дека Пачакути го изградил градот Мачу Пикчу, дали како семеен дом или како место за одмор, но сепак има и мислење дека овој град бил главен земјоделски центар во царството.

Пачакути испраќал шпиони во регионите кои сакал да бидат под власт на Инките. Тие назад враќале извештаи за политичката организација на територијата, воената сила и богатство. Понатака, Пачакути испраќал пораки до лидерите на посакуваните територии со понуди и со ветувања за добар и луксузен живот. Поголем дел од понудите на Пачакути биле прифатени. После прифаќањето, кралските семејства на новите територии биле донесувани во Куско за обука за функционирањето на царството и повторно враќани во своите татковини за понатамошно управување со истите.

Проширување

Традиционално за Инките било синовите на Сапа Инките да ја предводат армијата на царството. Синот на Пачакутек, Тупак Инка Јупанки, започнал поход за освојување на северните територии во 1463 година и продолжил да владее како Сапа Инка по смртта на неговиот татко во 1471 година. Негов најголем успех било освојувањето на кралството на Чиморите, единствениот сериозен противник и ривал на царството во тој регион. Тупак Јупанки успеал да ја прошири територијата на денешни Еквадор и јужните делови на Колумбија,

Синот на Тупак Јупанки, Хуајна Капак, успеал да освои уште неколку делови од денешни Еквадор и Перу. Во својот најголем подем, царството ги опфаќала териториите на денешни Перу, Боливија, големи делови од Еквадор и Чиле. Покасно со успечни походи кон југ успеале да освојат територии во Аргентина и Колумбија. Сепак, најголемиот дел од јужната покраина била пустина.

Население

Денес нема заеднички став помеѓу историчарите за тоа колкав бил бројот на населението на Тавантинсују, каде има проценки од 4 милиони до 37 милиони луѓе. Причината за ваквата различна проценка е во начинот на читање на Инка белешките. Имено, Инките имале доста развиен систем на бележење на бројот на населението со помош на кипу, но денес не се знае да се прочитаат податоците како што треба. Записите кои укажувале на начинот на читање на кипу биле уништени од Шпанците.

Јазик

Царството имала недостаток од пишан јазик. Основната комуникација се одвивала преку усмена комуникација на кечуански јазик, кипу и цртежи на керамика. Според тоа, официјален јазик во царството бил кечуанскиот и бил наметнуван на сите народи во рамките на истата. Бидејќи царството било тло на поголем број јазици и култури, Инките морале да изнајдат начин за констрола на истата. Јазикот кој го официјализирале, всушност го прифатиле официјалниот јазик на Кралството Куско кој често се нарекувал и како пракечуански јазик.

Од историчарите кои се занимаваат со историјата на Инките се верува дека јазикот се нарекувал капак рунасими и дека Сапа Инките го знаеле и кечуанскиот и пукина јазикот. Сепак, пукина за прв пат е документиран во 19 век. Покрај кечуанскиот, Инките дозволувале да се користи и ајмарскиот јазик, постар староседелски јазик. Денес кечуанскиот јазик е официјален јазик во Боливија и Перу, додека ајмарскиот е официјален и најголем јазик (без шпанскиот) во Боливија.

Кујна

Храната на Инките воглавно се состоела од житарици и компири, придружено со риба, ореви и пченка. Бидејќи житариците биле од исклучителна важност во нивната искрана, тие имале повеќе видови на растенија како киноја. Кинојата била важна прехрамбена суровина и често ја именувале како „мајка на сите житарици“[12]. Од месните производи, тие се хранеле со месо од лама и алпака, но и со месо од морско прасе. Покрај нив, Инките ловеле и останати животни за месо и крзно. Од пченката Инките правеле чича.