info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Дали знаете колку убаво место е нашата планета?

Print Friendly, PDF & Email

Чудата на природата ја разубавуваат нашата планета, со што на туристите им овозможуваат неверојатни доживувања. Низ целиот свет може да се видат најразлични убави места, за кои фантазираме да ги посетиме.

Сепак, чудата на природата често се наоѓаат на недостапни места или пак кај некои од нив убавина не е видлива во секој период од годината. Како и да е за да се видат убавините – вреди да се почека вистинскиот момент.

Полиња со маслени репки во кинеската област Луопинг



Една од тие убавини која не е достапна во есен или зима се токму овие полиња со маслодајни репки во Кина, кои служат за произведување на познатото Канола масло – едно од најздравите масла на светот за исхрана. Уште една примена на оваа репа е и производство на биогориво, што е мошне значајно за општеството. Овие златно-жолти цветови прават неверојатен пејзаж во кој уживаат и туристите и фотографите. „Златното море“ може да се посети од февруари до јуни.

„Вратата до пеколот“ во Туркменистан



Во пустината Каракум, која се наоѓа во центарот на Азија, постои дупка која претставува најголем природен извор на гас во светот. Името „Вратата до пеколот“ го добила по неверојатниот феномен што од 1971 година оваа дупка постојано гори. При откривањето на дупката се спречила огромна катастрофа бидејќи се отворил голем кратер по што станало ризично за животот на мештаните. Се сметало дека овој гас ќе изгоре за неколку дена, но се уште гори и овозможува огнен чад од кој застанува здивот.

Мачу Пикчу во Перу

Светиот град Мачу Пикчу кој се наоѓа на врвот на источните Анди во Перу, откриен е во 1911 година, но се верува дека постои уште од 13 век. Ова место сведочи за историјата на моќната војска на Инките, која градела канали за наводнување и поплочени патишта. Исто така, овде се изградени многу тврдини, храмови и монументални камени објекти. Се смета дека ова е религиско засолниште или таен град наменет за церемонии.

Бела пустина во Египет



Блескавиот пејзаж бел како креда е едно од највоодушевувачките природни чуда на Египет. Специфичните формации на стени кои се познати како „inselbergs“, се издигаат над белата пустина. Покрај паркот полн со бели камења во облик на печурки, се наоѓа стара пустина како и старо дрво познато како „Дедо Мраз“. Една ноќ во оваа пустина е незаборавно искуство, особено гледањето ѕвезди и пушење наргиле.

Ѓаволската кула во Вашингтон



Ова необично монолитно магматско чудо се наоѓа на Црно брдо во Дакота. Ѓаволската кула е прва прогласена за национален споменик во Америка во 1906 година од Теодор Рузвелт. Ова место годишно го посетуваат над 400.000 туристи.

Голема сина дупка во Белизе



Оваа огромна подводна дупка се наоѓа во Белизе. Формирана е од варовник во последната фаза на глацијалниот период. Кога нивото на океанот почнало да се зголемува,  варовникот била потопен, а површинскиот слој се  урнал од притисокот, што предизвикало создавање на оваа дупка.

Бромо вулкан на источна Јава



На осторовот Јава има преку 20 активни и спектакуларни вулкани. Еден од најубавите и најдостапните на источниот дел на Јава е вулканот Бромо, на истоимената планина, кој е активен, но исфрла само густ чад.

Водопадот Кајетур во Гвајана



Иако не е највисок или најширок, комбинацијата на неговата висина и обем го прави еден од најмоќните водопади на светот, бидејќи може да протекува два пати поголемо количество вода од водопадите на Нијагара. Овој водопад настанал од реката Потаро, која тече низ една тропска шума на планината Пакараима.

About the Author