info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Дебарски бањи Цапа – најлековити во Европа

Print Friendly

Дебарски бањи Цапа – најлековити во Европа

Во западниот дел на оваа наша прекрасна земја се наоѓа Дебар, мало гратче кое за многумина познато по Дебарските бањи. Кој за прв пат влегува во овој град прво си ветува дека никогаш нема да се врати, а потоа нема да сака да си замине. Топлите извори на лековита вода со специфичен мирис го опседнуваат целиот град, непријатната миризба за само 15 минути ќе престанете да ја чувствувате.

Дебарските бањи Цапа, Дебарското вештачко езеро и прекрасните шумски предели на планините Дешат и Кораб се вистинско место за одмор, релаксација и рехабилитација.

Дебарските бањи Цапа често ќе ги сретнете и под имињата на хотелите кои ја искористуваат водата: Бањиште и Косоврасти.

За лековитоста на водата сведочат и археолошките локалитети уште од Отоманската Империја, кои биле изградени на изворите на термо-минералната вода. Поради хемиските својства на водата и запоставеноста денес тие не се во функција, но затоа можете да уживате во новите капацитети и најквалитетната термо-минерална вода. Овој епитет Дебарските бањи Цапа го добиваат во 70-те години од минатиот век кога според истражувањата кои биле направени овие термо-минерални води се најлековити во Европа, а во светски рамки се на високо трето место.

Температурата на водата е околу 38 целзиусови степени, притоа содржи: анјони на сулфат, хлорид, хидрокарбонат, хидроборат и хидроарсенат, катјони на калциум, магнезиум, натриум, калиум, железо, колоидни растворени оксиди на мангандиоксид и силициумдиоксид, растворени гасови на јагленороддиоксид, сулфурводород амонијак и сулфурдиоксид, елементи на литиум, цезиум, рибидиум и флуор, слободни гасови на сулфурводород, јаглендиоксид, кислород и водород.

Термо-минералната вода на Дебарските бањи помага за лекување на:

  • сите видови на субакутен и хронично воспалителен ревматизам
  • дегенеративен ревматизам на сите зглобови и ревматизам во рбетниот столб
  • сите форми на ревматични болести
  • сите вонзглобни ревматизми
  • слабост на мускулите по траума на зглобовите и преломи на коски
  • кожни болести, псорјаза
  • долготрајни заболувања на желудникот и регулација на киселините
  • заболувања на жолчката
  • белодробни заболувања
  • песок и поситен камен во мочните патишта и канали
  • лесни форми на шеќерна болест и други заболувања

Дебарските бањи се одличен избор за ревитализација на Вашиот организам. Лековитоста на водата влијае како превенција против многу заболувања. Вашиот престој тука можете да го надополните со прошетки покрај езерото, а похрабрите и со пешачење низ планина.

About the Author