info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Дестинации за љубителите на вкусната храна

Print Friendly, PDF & Email

До сега сте ги посетиле најубавите, најскапите и местата во кои има многу знаменитости за посетување. Но, што е со местата во кои има одлична храна? Можеби мислите дека е убаво да се испие кафе во некое париско бистро или да јадете во мексикански кантини, но ние ви ги претставуваме топ дестинациите во кои ќе лижете прсти од вкусна храна!

Не гарантираме за тоа дека ќе ја задржите истата телесна тежина со која сте тргнале на одмор.

Газиантеп, Турција

Овој град кој се наоѓа во југоисточна Турција крие одлична храна, а особено домашните месни специјалитети како што се ќебапите. Со оглед дека Газиантеп е центар на турското производство на фстаци, некои гастро-експерти сметаат дека овде е родена и првата баклава. Секако, кога ќе одите веќе таму, пробајте го и посебниот вид на леб со сирењето катмер, десертот со мед и кадаиф, како и бејран, односно зачинети јајца со ориз кои се служат за појадок.

Хобарт, Тасманија

Ако сакате да ги пробате најсвежите австралиски производи, посетeте го гратчето Хобарт на Тасманија. Во последно време, овде е популарно јадењето од домашна риба, зеленчук и овошје зачинетo со најпрефинетите австралиски вина. Најевтината понуда на ова јадење можете да ja најдете во сабота на градскиот пазат Саламанка.

Хои Ан, Виетнам

Импресивната кулинарска сцена во овој град под заштита на УНЕСКО – ќе ги предизвика најискусните гурмани. Рестораните во Хои Ан нудат завидлива комбинација од кинеска, јапонска и француска кујна, но евтини и вкусни оброци можете да јадете и по штандовите на локалниот пазар. Мора да го пробате Cao lau – фини виетнамски тестенини со супа.

Ерусалим, Израел

Гастро-експертите се сложуваат дека овој израелски град не го добива признанието кое го заслужува. Не, овде не се служат само пржени топки од наут. Нивната кујна преовладува со мешавини од бројни култури – од полска до алжирска, како и постојаната потреба за експериментирање и промена. На уличните саеми можете да пробате мноштво различни работи, како што се свежиот зеленчук и десертите со додатоци од локалните состојки и зачини.

Евора, Португалија

Овој средновековен град во Португалија крие прекрасна барокна архитектура, но и богата кулинарска градина. Овде се произведуваат неверојатни вина, а свинско месо се јаде на сто начини, со храбри додатоци како што е коријандерот. Мора да пробате и Рao de rala – десерт со бадеми кои оригинално го смислиле калуѓерките Св.Хелена.

Макао, Кина

Кулинарското влијание од Португалија на овој град недалеку од Хонгконг, ги трансформирал препознатливите вкусови на кинеската кујна во неповторливо гастро искуство. Во Макао се чувствува и силното влијание на африкански, индиски и латино-американски доселеници, што резултира во возбудлива понуда од храна. Овде ќе јадете пита со јајца, кинеско свинско со зачини, африканско пилешко место, пржен бакалар и сладок пудинг од кокосово млеко.

Мемфис, Тенеси

Последните неколку години, Мемфис развива возбудлива кулинарска сцена во југоисточен САД. Овде се јаде традиционална одлична „храна за душа“ како што е вкусната скара и пржено пилешко, италијански јадења, а со ова се пие убаво пиво. Благодарение на познатите готвачи како што се Ендрју Мајкл, Кели Инглиш и Мајкл Хадмен, многумина луѓе знаат за вкусовите во овој град.

Провиденс, Род Ајленд

Не можете да го посетите овој американски град, а да не пробате од јастогот во путер. Возбудливата кујна во Род Ајленд прави неверојатни комбинации кои вклучуваат свежи морски плодови, квалитетно говедско месо и огромен талент од локалните готвачи, кои знаат да направат и пица на скара.

Ровињ, Хрватска

На оваа листа се најде и хрватскиот град Ровињ, кој готви со првокласни намирници – од меса и риби, преку маслинки и маслиново масло до тартуфи. Исто така, токму Ровињ располага со најдобрите готвачи во Хрватска, кои знаат да подготват навистина вкусни јадења.

Оваа листа ја создаде познатата онлајн дестинација на гастрономите, „The Daily Meal“.

About the Author