info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Ѕирнете во најголемиот брод со капацитет над 7.000 патници

Print Friendly

Ѕирнете во најголемиот брод со капацитет над 7.000 патници

„Oasis Of The Seas“ пет пати поголем од „Титаник“!

Најголемиот брод на светот деновиве заплови во водите на Велика Британија каде што беше неверојатна атракција за илјадници посетители. Овој брод има капацитет да собере 5.400 патници и 2.394 членови на екипажот.

Бродот се изработувал цели три години сè до 2009 година кога за прв пат запловил во Финска. За пет пати е поголем од „Титаник“, а за неговата изградба се потрошени вкупно 800 милиони фунти. Апартманите се опремени во урбан стил, со големи прозорци. Цената за дво-неделно крстарење е 1.300 фунти.

На овој брод никогаш нема да ви биде досадно. На него има 37 барови и 20 ресторани, огромен базен кој за миг се претвора во театар, одбојкарски и кошаркарски игралишта, терен за голф, паркови и посебен дел за деца. Бродот е поделен на неколку соседства, меѓу кое е Централ Парк во кое има ресторани, плоштади и продавници.

Бродот има должина од 360 метри и тежина од 225.282 тони. Користи неверојатни количини на вода, односно вкупно 2.350.000 литри секој ден. Истата оваа вода повторно ја употребува, при тоа не фрлајќи отпадна вода во океаните.

Ова е првиот брод од серијата бродови на „Royal Caribbean International“. Заменик претседателот Доминик Пол изјавил дека токму денот кога бродот стигнал во Британија е голем ден за нивната компанија.

– Правиме значителен чекор со инвестирањето во растечките пазари низ светот. Сега го гледате „Oasis of the Seas“, но следната година ќе го видите „Allure of the Seas“, кој ќе биде негов наследник. Среќни сме што инвестираме со нови бродови, нови технологии и нови идеи.

Уживајте во обиколката на најголемиот брод на светот!

About the Author