info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Ѕирнете во синиот град на Мароко

Print Friendly

Шефшауен е едно прибежиште во Мароко, кое се наоѓа околу планините Риф. Во себе крие палета од сини и бели нијанси, која е привлечна за туристите.

Во вој град може да се најдат нешта за сечиј вкус. На почеток градот служел како тврдина за шпанските прогонувачи, а со тек на време градот се проширил и набрзо станал дом на многу евреи и христијани. Тие успеале целиот град да го обојат во сина боја бидејќи верувале дека со таа нијанса подобро ќе ја чувствуваат силата на Бога.

Денес, Шефшауен е една голема културна ризница сочинета од муслимани и евреи, како и шпанци кои се населиле уште од далечната 1400 година.

Сепак, освен богатата историја, ова гратче нуди и мошне убави места за истражување. Авантуристите обожаваат да се шетаат по долините и по ридиштата за да ги гледаат прекрасните пејзажи. Некои патишта водат до блиското село Џевел ел Кела, северно од градот Шефшауен, кој се простира низ зелена шума и им овозможува на посетителите да уживаат во прекрасните погледи кон Медитеранското море.

Храната изобилува со илјадници зачини, ароматични билки и карактеристичен мирис. Може да се проба некое традиционално јадење, како што е типичниот марокански оброк подготвен со риба, зеленчук, зачини и масло сервиран на кускус или пак „tagine“ подговено со риба или месо, мешавина од зеленчук и неколку зачини.

Она по што се препознатливи жителите на овој град е чајот создаден од листови зелен чај и свеж ментол. Истиот чај го консумираат за време на секој оброк, бидејќи е многу здрав.

Доколку сте фанатици на убавите порцелански садови или пак рачно изработени ќебиња и различни чаршави, тогаш Шефпауен е вистинското место за вас! Во центарот на градот можете да најдете сe што ве интересира од рачно изработени тацни – до ќебе од овча волна.

Уживајте во кратката прошетка!

About the Author