info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

ЕДУКАТИВНИОТ СИСТЕМ ВО АВСТРАЛИЈА

Print Friendly

Предшколскиот систем на образование не е задолжителен. Овој систем е одделен од основното образование во сите региони освен Западна Австралија и е определен за деца од 3-5 годишна возраст. Околу 85 % од децата посетуваат предшколска настава пред да почнат на училиште. Овој систем е определен според Австралиската Влада.

Школскиот систем во Австралија е задолжителен помеѓу одредени возрасти и е специјализиран од Владата.Зависно од возраста на детето – датата на раѓање, училиштето е задолжително од 5-6 до 15-17 години. Државните училишта едуцираат приближно 65 % од Австралиските ученици, околу 34 % во Католичките и независните училишта.Мал процент се школуваат дома, поточно во руралните средини.

Државните училишта се бесплатни за сите државјани освен Католичките и Независните кои имаат одредена такса за плаќање. Исто така, за сите дополнителните трошоци – материјали, униформи, учебници, кампови се плаќа – не се финансирани од Владата во просек – 316 годишно на ученик.

Школскиот систем во Австралија се дели на:

Основно или Примарно Образование:

Градинка 3-4 години.

Предшколска возраст.

Прво Одделение 5-6 години

Второ Одделение 7-8 години

Трето Одделение 8-9 години

Четврто Одделение 9-10 години

Петто Одделение 10-11 години

Шесто Одделение 11-12 години

Седмо Одделение 12-13 години

Средно Образование:

Седмо Одделение 12-13 години

Осмо Одделение 13-14 години

Деветто Одделение 14-15 години

Десетто Одделение 15-16 години (Средно Образование или High School NT)

Единаесетто Одделение 16-17 години (Колеџ ACT, TAS)

Дванаесетто Одделение 17-19 години

Стручно Образование и обука (VET)

Овие курсеви вообичаено ги посетуваат студенти над 18 години или мал процент на студенти од 16 години. VET курсевите вообичаено се кратки, практични реализирани од TAFE Колеџ. Високите образовни курсеви траат 3 години или повеќе, реализирани од Универзитетите каде што добиваат диполома или сертификат.

Сертификатите I-IV во основа се пост-секундарни квалификации кои можат да им послужат на студентите и за вработување и за понатамошно изучување и обука.

Овие сертификати се основа за стручно образование и вештини, додека сертификатите III-IV се повеќе за напредни курсеви. Сертификатот IV генерално е прифатен од Универзитетите, во траење од 6 до 12 месеци.

Курсевите за добивање диплома, напредна диплома или вондреден степен траат од 2 до 3 години истовремено додека траат студиите.

Дипломите како универзитетски квалификации се добиваат после 3 – 4 години студирање. После дипломските студии, со дополнително изучување од 3-4 години можеш да достигнеш повисок степен на образование.

Постдипломски студии – сертификат или диплома може да добие некој кој претходно има дипломирано ( за сертификат се потребни 6, а за диплома 12 месеци).

Магистерски студии – вообичаено траат 2 години и се јавуваат во 3 форми:

  • проект

  • истражување

  • проширена програма – обавување на пракса во полето на медицината, законот..

Магистерските студии се определени од страна на Универзитетите со ограничен број на студенти. Студентите на Магистерските студии се носат со титулата Магистер по …Во одредени области – медицинската пракса, физиотерапија, стоматологија, ветерина дозволено е да се именуваат како ,, Доктор по…“

Докторски студии – Највискоката квалификација доделена од страна на Универзитетите е Докторската диплома.Генерално овие студии бараат комплетирање на главните тези, така што има потреба да бидат оценети главно од експерти во зависност од изборот на студии.Постојат професионални докторати кои бараат помалку истражувањa и се базираат на некој проект.

Студентите на Докторските студии се носат со титулата ,,Доктор“.`

About the Author