info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Фамилијарна виза

Print Friendly

oz10

Фамилијарни Визи

Во Фамилијарни Визи спаѓаат:

    • Spouse Visa – за брачен другар / партнер

Кандидатите кои сакаат да мигрираат во Австралија, треба да имаат спонзор од потесното семејство или роднина, кој е Австралиски државјанин, постојан жител на Австралија или државјанин на Нов Зеланд (да има најмалку 18 години).

Кандидатите можат да аплицираат за виза за брачниот другар, како од и надвор од Австралија и се потребни за да се исполнат одредени барања пред визата да биде издадена. Австралиската (брачна) виза првично се издава како привремена виза. По 2 години, односот ќе биде преиспитан и ако се смета дека е вистински, ќе биде издадена виза за постојан престој.

За да се аплицира за брачна виза, апликантот треба да биде во брак или во врска со :

    • Австралиски државјанин;

    • Постојан жител на Австралија;

    • Државјанин на Нов Зеланд.

Апликантот, за да може да аплицираза брачен другар / партнер, мора да биде во врска најмалку 12 месеци и да покаже вистинска посветеност кон својот партнер. (ова се однесува и за двојките од ист пол).

Партнерот за кој се аплицира, треба да биде надвор од Австралија – во периодот додека трае постапката за издавање на визата. Апликантите треба да покажат дека се во добра здравствена состојба – со лекарски извештај од специјалист.

    • Prospective Marriage Visa – Свршеничка виза

Австралиската Свршеничката виза e виза за привремен престој и важи за 9 месеци.

Потенцијалните носители на Свршеничката виза мора да се верат со својот/та вереник/ца во периодот на важење на визата. Исто така, треба да поднесат барање за виза за Австралискиот брачен другар, доколку сакаат да останат во Австралија.

За да се аплицира за Свршеничка виза, апликантот треба да биде верен/свршен со:

    • Австралиски државјанин;

    • Постојан жител на Австралија;

    • Државјанин на Нов Зеланд.

      Апликантите треба да имаат најмалку 18 години.

Потенцијалните кандидати за Свршеничка виза, треба да докажат дека:
– се познаваат лично;
– дека се верени и ќе стапат во брак;
– ќе стапат во брак во период додека трае визата;
– имаат намера да живеат заедно

Партнерот за кој се аплицира, треба да биде надвор од Австралија – во периодот

додека трае постапката за издавање на визата. Апликантите треба да покажат дека се во добра здравствена состојба – со лекарски извештај од специјалист.

    • Australian Parent Visa – Родител виза

Оваа виза им дава можност на родителте да мигрираат и да им се придружат на своите деца кои живеат во Австралија (да бидат спонзорирани од своите деца).

Владата го ограничи бројот на овие визи, затоакандидатите кои аплицираат, ги задоволат основните критериуми за оваа виза, сместени се во една листа на чекање. Владата на Австралија неодамна додаде 4000 места во програмата за Семејна миграција, но кандидатите сеуште чекаат на листа.

Кандидатите можат да изберат да аплицираат за Придонес на Виза-родител, каде што плаќаат повисока такса и осигурување. Периодот на чекање за оваа виза е пократок.

Децата – спонзори треба да бидат државјани на Австралија или Нов Зеланд.

Апликантите треба да бидат надвор од Австралија, да покажат дека се во добра здравствена состојба – со лекарски извештај од специјалист.

    • Australian Aged Parent Visa – визи за (возрасни) родители

Оваа виза им дава можност на возрасните родители кои веќе имаат виза за привремен престој во Австралија, да добијат виза за стален престој (спонзорирани од државјани на Австралија или Нов Зеланд). 
Бројот на овие визи за постари родители е ограничени и секоја година кандидатите се соочуваат со – листа на чекање.
Кандидатите можат да изберат да аплицираат за Придонес на Виза-постари родители, каде што плаќаат повисока такса и осигурување. Периодот на чекање за оваа виза е пократок.

Возрасни родители се оние кои се доволно стари за да им биде доделена австралиска старосна пензија. За машки кандидати, старосната граница моментално е 65 години и за женски кандидати, се движи од 63-65 во зависност од датумот на раѓање.

Кандидатите кои аплицираат треба да бидат во Австралија во периодот додека трае постапката за издавање на визата.

– Australian Remaining Relative Visa

Оваа виза им дава можност на потенцијалните кандидати (браќа/сестри или деца на државјани на Австралија или Нов Зеланд) да аплицираат за виза, кои немаат други блиски роднини освен тие во Австралија. Како близок роднина се смета родител или старател, брат или сестра.

About the Author