info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Фавињана – остров на контрастна убавина

Print Friendly

Недалеку од крајбрежјето на Сицилија се наоѓа прекрасниот остров Фавињана, кој крие неверојатна убавина, кристална чиста вода и интересна историја.

Познат е по карактеристичниот облик на крајбрежјето во вид на крилја на пеперутка и по тоа што е едно од најголемите италијански Егатски острови.

Соголениот пејзаж крие древни тајни стари илјадници години, а морето го опкружуваат едни од најголемите јата на риби на Медитеранот.

Крајбрежјето е поделено со пештерски системи во кои живееле првите жители на Фавињана каде што се криеле од нападите на пиратите. Во некои од нив сè уште постојат цртежите од палеолитот.

Фавињана остров на контрасти

Во центарот на градот се наоѓа затвор во кој многу италијански мафијаши служат затворска казна. Оваа традиција е задржана уште од времето на старите Римјани, кога најоддалечените острови имале улога на затвор.

Токму на овој остров се менувале многу моќни сили, а археолошките остатоци се спомен за постојаните меѓусебни борби.

Над градот се наоѓа урнатината Санта Катарина, изградена од Арапите,  потоа ја прошириле Норманите, а кралевите од династијата Бурбон ја користеле како затвор.

Денес е само една рушевина потсетник на турбулентната историја на островот.

Главен извор на приход за жителите се каменоломите од кои вадат бел варовник, кој се пренесува со бродовите кон останатите земји.

Денес некои од напуштените каменоломи се претворени во интересни вили, поради што овозможуваат заштита од силните ветрови кои дуваат на островот. Туристите обично престојуваат во нив.

До неодамна, Фавињана беше само едно викенд прибежиште за околните жители, а денес доаѓаат туристи од целиот свет.

Овде плажите немаат песок, па оние кои сакаат да се разладат, мора да се искачат на карпите и преку нив да влезат во кристално чистата вода. Кала Роса, една од плажите се наоѓа на листата на најубави плажи во светот.

About the Author