info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

FlyDubai ги воведува БиХ и Хрватска како нови дестинации

Print Friendly, PDF & Email

Dubai1

 

Авиокомпанијата FlyDubai со додавање на нови дестинации,  Сараево во Босна и Херцеговина и Загреб во Хрватска ја продолжи експанзијата на нејзината мрежа во Централна и Источна Европа.

Новите дестинации, кои ќе станат оперативни од декември оваа година, го зголемија бројот на дестинации кои превозникот ги опслужува во Централна и Источна Европа и во Заедницата на Независни Држави на вкупно 26. Авиокомпанијата тогаш ќе опслужува вкупно 75 дестинации во рамките на 5 ипол часовен радиус од Дубаи.

FlyDubai во јули ќе ја преземе нарачката на три авиони од типот Боинг 737-800, за да го поддржи континуираниот раст на својата мрежа и да додаде поголема фрекфентност на веќе постоечките дестинации. Така, авиокомпанијата ќе ја зголеми својата флота на 39 авиони, а до крајот на 2014 година дополнително ќе добие уште четири нови авиони.

„Остануваме фокусирани на отворање на пазари кои се недоволно опслужувани и засилување на воздушните линии од авијацискиот центар на Дубаи кон регионот. Новите летови кон Босна и Херцеговина и Хрватска претставуваат нови можности за патување, трговија и туризам за патниците од двете земји, како и од ОАЕ”, изјави главниот извршен директор на flydubai, Гаит Ал Гаит.

Авиокомпанијата Flydubai ќе биде првиот авиопревозник кој ќе оперира со директни летови од Дубаи до Сараево и Загреб. Исто така е прв авиопревозник во Дубаи кој  од септември ќе лета за Алмати и Шимкент во Казахстан. Бизнис класата ќе биде достапна на сите четири дестинации, овозможувајќи им на патниците дополнителна удобност и комфор додека патуваат.

”Казахстан е растечка економија со голем број на можности за инвестирање и возбудливи туристички атракции, додека Босна и Херцеговина и Хрватска имаат изобилство од природни убавини и култура за откривање. Ни претставува задоволство да обезбедиме директна авиоврска до овие дестинации.”изјави Џејхун Ефенди, Сениор Заменик комерцијален претседател (OАЕ, ЕУ, МЕ, ЦИС) на flydubai.

Flydubai ја има најсеопфатната мрежа од сите авиокомпании на Средниот Исток до регионите на Централна и Источна Европа и на Заедницата на Независни Држави и има развиено мрежа од: девет дестинации во Русија, три во Украина, две во Казахстан, како и летови кон Ашгабат, Баку, Белград, Бишкек, Букурешт, Чисинау, Душанбе, Сараево, Скопје, Тбилиси, Јереван и Загреб. Летовите ќе можат да се резервираат од 16 јули преку веб страницата на flydubai (flydubai.com), преку call центарот (+389 2 3211 133), flydubai продажните салони или преку партнерите на компанијат

About the Author