Грција е позната како лулка на западната цивилизација и родно место на демократијата, театарот, Олимписките игри и многу повеќе. Земјата е позната по својата античка историја и урнатини, неверојатна култура и храна, и прекрасни островски пејзажи… Но, има неколку работи за Грција што можеби сè уште не ги знаете, затоа е најдобро е да секоја година престојувате на различно место…

Олимписка ривиера

Олимписката ривиера или Пиериа е област со песочни плажи и плитки води кои се протегаат со километри. Пиериа е мошне популарна област во Грција при летната сезона. Паралија, Лептокарија, Олимпик Бич и Неи Пори се главните туристички дестинации во оваа област, и нудат одлична инфраструктура.Долгите и широки приморски шеталишта, големиот број барови на плажа, рестораните, [...]

Касандра – Халкидики

Полуостровот Касандра односно првиот крак на Халкидики е најомилена дестинација на нашите туристи. Причините се многубројни но најмногу се издвојуваат близината, прекрасните плажи, но и прифатливите цени. Изборот на место за одмор на овој полуостров е одличен за вкусот на секого. Идеален и за оние кои сакаат мир и тишина, но и за оние кои [...]

Ситонија – Халкидики

Ситонија е паркот на Халкидики каде љубителите на тишината и зеленилото ќе го најдат своето скривалиште, симфонија во сино и зелено, возбудлив пејзаж во кој туристите се сокриваат од гужвата и вревата. Полуостровот изобилува со преубави песочни плажи, живописни мали пристаништа, напуштени заливи недостапни од копно и непрегледни плантажи маслинки. Негова метропола е Неос Мармарас, [...]

Јонско море

ПАТНИЧКИ ВОДИЧ ДО ЈОНСКО МОРЕ По Кикладите и Крит, Јонските острови се најпопуларната островска група во Грција. Сместени на западната страна на земјата, овие острови се силно поврзани со Италија во однос на историјата и културата уште од периодот на венецијанската окупација. Освен по својата уникатна архитектура, островите во Јонското Море се познати и по [...]

Остров Лефкада

Лефкада светски прочуен прекрасен остров со едни од напознатите плажи. Начинот на кој овој остров е тесно поврзан со копното преку насип и пловечки мост и дава огромна предност на Лефкада во однос на останатите острови во Јонското море како Кефалонија и Закинтос кога станува збор за патување на овие острови. Оваа тесна поврзаност имала [...]

Остров Тасос

Островот е место каде секој ќе го најде тоа што сака – од песочни до карпести и од урбани до диви плажи, Тасос е место каде секој ќе може да ужива во природната убавина и тиркизната вода.Островот Тасос има околу 18 туристички населби и околу 100.000 жители. Овие места ги вклучуваат Калираки, Лименарија, Мариес, Панагија, [...]

Остров Евија

Островот Евија е втор по големина остров во Грција. Се протега по брегот на Беотија и Атика од северните споради до островот Андрос во близина на Киклади. Главниот град на Халкидис е еден од највлијателните антички градови. Пефки се наоѓа на северниот раб на Евија, преку островот Скијатос. Се карактеризира со долга плажа со песочна [...]

Остров Крф

Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени [...]

Остров Скијатос

На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров – Скијатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во [...]

Остров Кефалонија

Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум [...]

Остров Крит

Крит, најголемиот остров во Грција, познат по својот разновиден терен, кој се протега од песочните плажи во Елафониси (Elafonisi-Ελαφονήσι) до Белите планини. Највисокиот врв, Ида, каде се наоѓа Идеоновата пештера, која според грчката митологија е родното место на Зевс. Главниот град Ираклио (Heraklion/Heraclion-Ηράκλειο) е дом на познатиот археолошки музеј Ираклион, во кој се изложени минојските [...]