info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Грчка уметност и митологија

Print Friendly, PDF & Email

Минојска уметност и митологија

Вовед

Егејскиот басен се смета за лулка на европската цивилизација, во него е родена првата европска култура. Затоа и денес е една од најистражените територии со финансиска помош од помоќните европски држави. Минојската уметност почнала да се развива околу 3000г. п. н. е. , а својот врв го достигнала околу 1500г. п. . н. е. на грчкиот остров Крит. Најпознати локалитети се: Кносос, Фестос и Агиа Триада. Минојската цивилизација е една од најбогатите и најнеобичните во Егејскиот свет. Главното божество на минојците било од женски род, а тоа е култот на големата мајка или богинка на плодноста. Минојците не граделе храмови ниту големи култни статуи дури и делата со мали димензии се многу ретки. Ликовите најчесто се полни со живот, фигурите се обоени, со големи очи и карактеристични конусни фустани. Во третиот милениум п. н. е. минојците биле во контакт со Еѓипjаните и под нивно влијание после 2000 години развиле писмо и градска култура. Името го добиле по легендарниот крал Минос. Минојската уметност е декоративна уметност, со силно чувство за живот, и љубов кон природата што претставува контраст на египетската уметност која се стреми кон озбилност и постојаност. Најстарата култура се развила на групата острови, Киклади (кикладските острови). Најголем остров на Кикладите бил Тера. На југ од нив се протега долгнавестиот остров Крит, кој претставувал мост меѓу Африка (Египет), Мала Азија, Месопотамија и Европскиот континент. Минојските градови секогаш се развивале околу големиот комплекс на палати. Археолошките податоци кажуваат дека скоро одеднаш сите палати во 1700г. п. н. е. биле уништени. Еден век покасно повторно се подигнати, но сепак во 1500г. п. н. е. одново се срушени и од тогаш минојската цивилизација повеќе не се опоравила. Се што е сочувано денес потекнува од последниот период кога се развило натуралистичко сликарство. За разлика од Египетските Минојските палати не биле импозантни и не се одликувале со масивна големина. Тие биле градени ниско со многу мали отвори, дворовите меѓусебно биле поврзани со скали. Сите овие простории биле покриени со ниски и рамни тавани кој ги носеле дрвени столбови од греди. Најголема од сите овие палати била Миносовата палата во Кносос. Поради големиот број на простории оваа палата се поврзува со легендарниот лавиринт во кој бил затворен Минотаур. Владетелите на Минојците не биле воини и не ги интересирало за војна, затоа палатите биле градени без одбрамбени ѕидови но затоа имале добро градено морепловство. Некој простории во палатите може да се дешифрираат како скалдишта или писарници. Дешифрираните текстови со линеарно Б писмо воглавно се списоци од извештаи. Минојците првенствено биле трговци и морепловци, а некој нивни владетели не биле неприкосновени претставници на богот, туку обични богати луѓе од трговската аристократија.

 

Кратка Митологија

Приказната за древните цивилизации продолжила да живее преку книгите „Илијада“ и „Одисеја“ од Хомер. Легендата за Атлантида (островот Тера) останала преку Платоновите дијалози. Околу 1500 г. п. н. е поради двете ерупции на вулканот на островот Тера, две третини од островот потонале во море. Цунамито кое ја предизвикало ерупцијата на вулканот и пепелта која се задржала во воздухот придонела за ослабнувањето критската економија, со што Крит ослабнал и на политички и воен план. За Атлантида се вели дека била напредна со високо развиена култура слична на онаа од Месопотамија и Египет. На островот Тера пронајдени се куќи на три спрата, со одвод, канализација кои датираат околу 2000 г. п. н. е. Грчките митови велат дека Посејдон се заљубил со смртна жена од Атлантида која се викала Клито, ќерка на Евенор и Леусип. Клито му родила 5 пара близнаци, сите момчиња. Најстариот син, Атлас, станал првиот крал на Атлантида и владеел над планините и околната област, а неговиот брат-близнак, Гадеирус, го добил надворешниот дел од островот, се’ до Карпите на Херкулес. За да ја заштити Клито, Посејдон издлабил замок во централната планина и ја опколил со вода и копно. Замок во чест на Посејдон бил изграден на врвот на планината. Главниот град бил сместен надвор од овој прстен со вода. Под модерниот град имало плодно земјиште, и поради добрата клима во Атлантида имало и по 2 жетви годишно. Атлантида била просперитетна и прекрасна, и ги напаѓала нациите се’ до Египет – но не успеале да ја покорат Атина. Како што вообичаено се случува со најмоќните нации, Атлантида станала корумпирана и уништена од алчност и моќ. Зевс, богот над боговите, ги собрал и другите богови со цел да одреди казна за жителите на Атлантида.

 

Атлантида под вода; план на Атлантида

Атлантида под вода; план на Атлантида

 

Зевс заедно со Европа имал син, Минос, кој подоцна станал крал на Кносос, Крит како и целиот егејски басен. Минос живеел за време на херојскиот период, а владеел три генерации пред почетокот на Тројанската војна. Секоја девета година одел во пештерата Иду каде што Зевс го советувал како да владее. Тој изградил голема флота и ја воспоставил критската талесократија. За Атињаните тој бил бездушен тиранин кој ги жртвувал нивните деца на Минотаурот, кои Атина требала да ги испраќа секоја година како данок. Минос во својот двор го држел познатиот митски градител Дедал кој за него ја изградил грандиозната палата и познатиот лавиринт во кој бил сместен Минотаурот, синот на Миносовата жена Песифаја заедно со еден бик. Откако Дедал побегнал на Сицилија, Минос решил да го бара од тамошниот крал Кокал. Во кралскиот дворец на Кокал, од страна на неговата ќерка бил убиен кралот Минос со топла вода. По смртта тој се спуштил во подземјето каде што станал судија кој им го определувал патот на душите на починатите.

 

Палатата на кралот Минос во Кносос

Минотаур

Минотаур

Големата палата била постепено градена помеѓу 1700 и 1400 п. н. е. со постепени обновувања по уништувањата. Палатата има интересен изглед, оригиналниот план неможе да се препознае поради подоцнежните модификации. Околу 1300 соби биле поврзани со ходници со варирачки димензии и правци, што преставува доста различен стил од другите палати градени во исто време, во кои собите биле поврзувани преку неколку главни ходници. Палатата зафаќала површина од 24000 квадратни метри што вклучувале и театар, четири главни влеза на сите страни на светот и големи складишта. Во складиштата се наоѓале големи вази наречени питоси во кои биле чувани масло, жито, исушена риба, маслинки и разни семиња. Многу од залихите биле правени во палатата која имала мелници за жито, преси за масло и вино. Под питосите имало камени дупки користени за чување на вредни предмети, како злато и сребро. Во градбата на палатата биле искористени сложени архитектонски техники како на пример: дел од ѕидовите биле високи и по пет метри. Палатата имала барем три одвоени системи за спроведување на водата. Еден за довод на вода, еден за исфрлање на непотребната вода од дождовите и еден за канализацијата. Преку аквадукти водата била пренесувана од околните извори до палатата и центарот на градот. Градот немал скриени извори на вода како во Микена и бил релативно ранлив на напади. Санитарниот одвод водел преку затворен систем во палатата до канализацијата надвор од градот. Поради честите поројни дождови палатата морала да има и одвод за спроведување на непотребната вода. Бидејќи палатата се наоѓала на рид и била често изложена на морски ветришта, палатата имала добар систем на воздушна вентилација. Ѕидовите на палатата биле украсени со фрески на кои се претставени игри со бикови и митолошки сцени. Овие фрески биле изработени на многу софистициран начин со многу бои, и за разлика од уметноста во Средното и Новото Египетско царство, на овие фрески немало претстави со воени мотиви. Карактеристика на критската уметност е тоа што мажите биле претставени со руса кожа, а жените со млечно бела боја на кожата. Речиси сите претстави се на млади и возрасни луѓе со неколу досега пронајдени слики со деца и стари. На сцените се прикажани голем број на активности како: риболов, собирање на цвеќиња и спортски подвизи. Во централниот дел на палатата се наоѓала собата во која се наоѓал претстолот или церемонијалниот комплекс во кој живееле или кралот или врховниот свештеник.

Сликарството и живописните декорации на ѕидовите; палатата на Минос, наречена „Лабиринт“

Сликарството и живописните декорации на ѕидовите; палатата на Минос, наречена „Лабиринт“

 

Сликарство

Ваза со октопод. Ѕидно сликарство.

Ваза со октопод. Ѕидно сликарство.

Од сите видови уметност за минојците најзначајно е ѕидното сликарство. Големиот број вакви дела се со сцени од природата на кој се прикажани птици или животни. Исто така се прикажува и присуство на божествените сили и морски животни. Се боело континуирано, цртежот е мек без сенки. Во периодот од 2000 до 1700г. п. н. е. на Крит се јавува познатата грнчарија препознатлива по својата техничка совршеност, спирална орнаментика со апстрактни шари. Подоцна почнале да сликаат теми од растителниот и животинскиот свет: риби школку итн. Попознати дела се :

• Тореадор околу 1500г. п. н. е.

На една од фреските во палатата во Кносос е претставен акробат кој прескокнува преку бикот и тоа претставува обредна игра. Бикот е голем со импресивна снага и сила, а додека акробатот е со витко тело.

• Кралскиот мегарон

На оваа фреска има представа на риба и делфин. Оваа слика уште се нарекува и “живот во морето”. Се наоѓа во палатата во Минос на Крит.

• Ваза со октопод 1500г. п. н. е.

 

Вајарство и скулптура

Најстарите уметнички дела потекнуваат од Кикладите, а најмногу се застапени во јужните делови од архипелагот. Таму цутела цивилизација од која денес како уметнички дела ни се познати Кикладските Идоли. Овие фигури се стилизирани претстави на големата мајка (Magna mater), како дел од нејзиниот култ кој датира уште од палеолитот.

Скулптурата е со мали размери и е тродимензионална. Минојците работеле и експериментирале со повеќе материјали меќу кои: мермер, печена земја, злато, бронза, еленски рогови итн. Најпознато дело е “Змиската богинка” изработена од фајанс во 1600г. п. н. е. Ова е претстава на женска фигура со тесен струк, фронтален став, бујни гради и широки колкови, сите овие особини се симбол за женственост. Богинката во рацете држи змии и изведува некој ритуал. Змиите кој ги држи се симбол на машката плодност. Исто така многу често оваа скулптура се нарекува и Горгона.

 

Скулптура на Големата Мајка

Скулптура на Големата Мајка

 

Скулптура на Збиската божица од напред и назад

Скулптура на Змиската божица од напред и назад

 

Скулптура на маж и скулптура на жена

Скулптура на маж и скулптура на жена

 

Кикладските идоли се направени од бел мермер. Нивмите димензии се од 10 цм до 2 м. Најчесто се претставени жени кои се крајно стилизирани. Изгледаат како столбови со шематски лица, без многу детали. Очите може да ги нема, главата има облик на елипса или триаголник, носот е триаголен, а вратот е тенок и издолжен, надолу телото продолжува како столб, а долниот дел може да биде и зашилен за полесно да се стават во земја. На телото имаат мали гради кои се индикатори на полот, рацете им се свиткани над стомакот и издвоени само со една линија и жлеб, исто е и со нозете само што понекогаш може да се најдат и обликувани стапала. Најкарактеристичните и најрепрезентативни претстави се познатите скулптури на маж кој е во седечка положба.

 

 

 

Кикладски идоли

Кикладски идоли

 

Галерија

Приказ на Атлантида:

g-01g-04

 

Приказ на кикладските идоли:

g-07a

 

Приказ на кралот Минос и „Малата Парижанка“:

g-08a

 

Приказ на живописот врз ѕидните слики и вазите:

g-09a

g-10

 

 

About the Author