info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Иселенички визи

Print Friendly

Иселенички визи

Апликанти кои сакаат постојано да се преселат во САД треба да аплицираат за иселеничка виза.

Следните се типови на иселенички визи:

Иселеништво спонзорирано од семејството

Иселеништво врз основа на вработување

Виза Лотарија (Лотарија за зелена карта)

Посебни/Други иселенички визи

Визи за свршеник (K)визи

Истечена/Изгубена/Украдена зелена карта

Иселеништво спонзорирано од семејство – Апликант може да е квалификуван да се исели во САД врз основа на поврзаност со американски државјанин или американски легален постојан жител („носител на зелена карта“). Ако сопружникот, родителот, детето или братот/сестрата на апликантот е американски државјанин, тој/таа може да поднесе барање

И-130 за да го започне процесот кај Одделот за домашна безбедност во САД. Ако сопружникот или родителот на апликантот е легален постојан жител, тој/таа исто така може да поднесе барање И-130 кај Одделот за домашна безбедност во САД и ќе биде подложен на одредени ограничувања што се поврзани со возраста и брачниот статус. Ако сопружникот или родителот на апликантот е американски државјанин кој живее надвор од САД, тој/таа можеби ќе може да поднесе барање во амбасада или конзулат на САД за да го започне процесот. За повеќе информации, Ве молиме погледнете ги овие веб-страни: www.dhs.gov или www.uscis.gov.

Апликантите не можат сами да го започнат процесот на аплицирање; само роднина кој е американски државјанин или жител може да го започне иселеничкиот процес. Амбасадата или Конзулатот може да му помогне на апликантот само откако тие ќе поднесат петиција и откако таа ќе биде одобрена.

За повеќе информации, ве молиме погледнете ја оваа веб-страна:
http://travel.state.gov/visa/immigrants/immigrants_1340.html.

Откако петицијата на апликантот ќе биде одобрена и е „тековна “, апликантот ќе мора да покаже доказ за квалификуваност за иселеништво кој што опфаќа лекарски преглед, потврда од полиција за неосудуваност и гарантно писмо за поддршка од американскиот државјанин или постојан жител кој ја поднел петицијата. За повеќе информации за документите што апликантот мора да ги поднесе заедно со апликацијата за иселеничка виза, Ве молиме погледнете ги упатствата што се испратени заедно со писмото за закажување на апликантот.

Иселеништво врз основа на вработување – За да аплицира за иселеничка виза врз основа на вработување, американската фирма што му нуди можност за вработување на апликантот треба да ја контактира локалната канцеларија на Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) или Министерството за труд во САД за понатамошни информации. Американскиот работодавец мора да го започне процесот со поднесување на петиција И-140 кај Одделот за домашна безбедност во САД. Конзуларниот Оддел може да му помогне на апликантот само откако тие ќе поднесат петиција и откако таа ќе биде одобрена.

За повеќе информации, ве молиме погледнете на: www.uscis.gov.

Откако петицијата на апликантот ќе биде одобрена и ќе биде закажан термин, апликантот ќе мора да покаже доказ за квалификуваност за иселеништво кој што опфаќа лекарски преглед, потврда од полиција за неосудуваност и, ако деловното барање за апликантот е сопственост на семејството на апликантот, гарантно писмо за поддршка од американскиот државјанин или постојаниот жител што ја поднел петицијата. За повеќе информации за документите што апликантот мора да ги поднесе заедно со апликацијата за иселеничка виза, Ве молиме видете ги упатствата што се испратени заедно со писмото за закажување на апликантот.

Виза Лотарија ( Лотарија за зелена карта) – Програмата за иселеничка виза лотарија што е одобрена од Конгресот овозможува околу 50.000 (ДВ) визи годишно, извлечени по случаен избор од сите пријави на лицата, кои ги исполнуваат строгите услови за квалификуваност од земјите со ниски стапки на иселеништво во САД.

За повеќе информации, ве молиме погледнете на: http://travel.state.gov/visa/immigrants/types/types_1322.html#1.

Ако Вашата пријава е избрана и Вие сте известени од Владата на САД дека сте „добитник“ на виза лотарија, апликантот ќе треба да покаже доказ за квалификуваност за иселеништво кој што опфаќа лекарски преглед, потврда од полиција за неосудуваност и писмен доказ или образовните или професионалните квалификации на апликантот. За повеќе информации за документите што апликантот мора да ги поднесе заедно со апликацијата за иселеничка виза, Ве молиме видете ги упатствата што се испратени заедно со писмото за закажување на апликантот.

Посебни/Други иселенички визи – Има други посебни категории на иселенички визи.

За повеќе информации, Ве молиме погледнете на: http://travel.state.gov/visa/immigrants/types/types_1326.html.

Визи за свршеник (К) визи – Свршеничките визи се опфатени во овој дел бидејќи иако тие технички се неиселенички визи, тие се разгледуваат од одделот за иселенички визи. Оваа виза е за апликант кој што е свршеник/свршеничка на американски државјанин, апликант кој што е свршен или или договорен да се венча. Бракот мора да биде законски возможен според законите на државата во САД каде што ќе се одржи венчавката.

Американскиот државјанин кој што сака да донесе странски вереник во САД за да стапи во брак и живе во САД, мора да поднесе формулар И-129Ф во канцеларијата на Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) при Одделот за домашна безбедност што ја опслужува областа во која што живее американскиот државјанин. Ова барање не може да се поднесе во амбасада, конзулат или американска канцеларија за иселеништво во странство.

Откако USCIS ќе го одобри барањето, тоа се испраќа во Националниот визен центар на разгледување пред да се испрати во амбасадата или конзулатот каде што свршеникот ќе аплицира за К-1 неиселеничка вереничка виза. Децата на апликантите за К-1 виза треба да аплицираат за К-2 виза.

Откако ќе ја добие свршеничка виза, свршеникот/чката на американскиот државјанин влегува во САД преку американски граничен премин. Американскиот имиграциски службеник ќе му даде на вереникот упатства за тоа што треба да направи кога ќе влезе во САД. Двојката мора да стапи во брак во рок од 90 дена по влезот на свршеникот во САД.

Ве молиме бидете информирани дека апликантите на К визи треба нивната МРВ такса да ја платат во Конзуларното одделение. За повеќе информации, Ве молиме, посетете ја веб-страната http://macedonia.usembassy.gov/fees.html.

Истечена/Изгубена/Украдена зелена карта – Карта за постојан жител, општо позната како зелена карта, е доказ за статусот на апликантот како постојан жител со право постојано да живее и работи во САД. Исто така е доказ за регистрацијата на апликантот според американските закони за иселеништво. Зелената карта воедно се се нарекува и формулар

И-551.

Ако претходната карта на апликантот била изгубена, украдена, оштетена или уништена, Ве молиме погледнете на веб-страната www.uscis.gov.

Услуги за иселеничка виза

Важна информација: Конзуларното Одделение ги известува сите апликанти кои се одбиени за виза врз основа на членот 221(г) од Законот за Имиграција и Натурализација за доставување на дополнителна документација дека Комерцијана Банка во Mакедонија и Рајфајзен Банка во Косово почнувајќи од 26 ноември до 3 декември 2012 нема да продава ПИН броеви.

За да закажете термин за разговор во врска со ова прашање во рамките на горенаведените датуми, ве молиме контактирајте не директно преку е-маил на consularskopje@state.gov.

Информации за тоа како да закажете термин за разговор по 3 декември 2012 година ќе бидат објавени дополнително.

Конзуларниот оддел на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје им нуди услуги за иселенички визи на жители на Македонија и на Косово подобни да поднесат барање за виза за постојан престој во Соединетите Американски Држави. Одделот за  визи им стои на услуга и на граѓани на САД што посвојуваат деца од овие региони. 

Иселеничките визи се за лица што планираат да живеат, да работат или да се школуваат и да останат во САД на трајна основа. Виза Лотарија (DV- Diversity Visa) е во надлежност на Службата за конзуларни прашања при Стејт Департментот на САД. Услов за повеќето ДВ е основното барање што треба да го одобри Секторот за државјанство при Секретаријат  за домашна безбедност на САД. 

Генерално гледано, за да биде подобен да поднесе барање за доселеничка виза, секој странски државјанин мора да биде спонзориран од роднина државјанин на САД или од потенцијалниот работодавец. Според законот за имиграција, за разлика од повеќето други категории иселенички визи, за лица што се членови на потесното семејство нема ограничување на бројот на доселеници.

Конзуларниот оддел на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје им нуди услуги за иселенички визи на жители на Македонија и на Косово подобни да поднесат барање за виза за постојан престој во Соединетите Американски Држави. Одделот за  визи им стои на услуга и на граѓани на САД што посвојуваат деца од овие региони. иселенички те визи се за лица што планираат да живеат, да работат или да се школуваат и да останат во САД на трајна основа. Виза Лотарија (DV- Diversity Visa) е во надлежност на Службата за конзуларни прашања при Стејт Департментот на САД. Услов за повеќето ДВ е основното барање што треба да го одобри Секторот за државјанство при Секретаријат  за домашна безбедност на САД. Генерално гледано, за да биде подобен да поднесе барање за доселеничка виза, секој странски државјанин мора да биде спонзориран од роднина државјанин на САД или од потенцијалниот работодавец. Според законот за имиграција, за разлика од повеќето други категории иселенички визи, за лица што се членови на потесното семејство нема ограничување на бројот на доселеници.

Главните иселенички категории се:

  • Членови на потесното семејство
  • Специјални доселеници
  • Спонзорирани од страна на семејството  
  • Спонзорирани од страна на работодавецот

Покрај тоа, со Програмата за виза лотарија може во текот на годината да се издаваат и извесен број визи за постојан престој. Овие визи се доделуваат во земји што имаат ниска стапка на преселба во САД. 

Како да го доведам сопружникот (сопругот или сопругата) или детето во САД

За конкретни информации, Ве молиме погледнете ја Англиската верзија за иселенички визи на нашиот ВЕБ сајт.

DV Lottery (“Green Card”)

The U.S. Embassy in Skopje, Macedonia, announces that the registrations for the DV-2015 Diversity Immigrant Visa (“Green Card”) lottery program will be accepted beginning Noon EDT on October 1, 2013, and ending at noon EST on November 2, 2013.  You are strongly encouraged to enter early in the registration period.  Excessive demand at the end of the registration period may slow the system down.  No entries whatsoever will be accepted after noon EST November 2, 2013.

Please see Diversity Visa (DV) Lottery Program for instructions.

Important Notice: It is extremely important that you review the diversity visa lottery rules before completing your application.

Errors in the application process such as not including your spouse or all of your eligible children or entering multiple times will result in disqualification of your entry.

Additionally, the applicants selected in the Diversity Visa lottery must meet certain educational and work experience requirements to be eligible for a visa.  Please review the requirements below carefully before submitting your application and paying the fee at the time of your interview if you got selected.

The fee cannot be refunded, even if the consular officer determines that you lack the education and work experience to qualify for a diversity visa.

The “principal applicant” – the applicant in whose name the winning entry was submitted – may qualify for the visa in one of the following two ways:

  1. A high-school education or its equivalent, defined as successful completion of a 12-year course of elementary and secondary education, including 4 years of high school, or
  2. Two years of work experience in a qualifying occupation within the past five years. 

Not all work experience qualifies.  To learn whether your occupation qualifies, consult the Department of Labor’s O*NET website.  Locate your occupation by selecting “Find Occupations” from the homepage and searching by keyword or job family.  Then select “Job Zone.”

Your experience qualifies only if your occupation is designated as Job Zone 4 or 5 and classified in a Specific Vocational Preparation (SVP) range of 7.0 or higher.

If you cannot demonstrate that you qualify for a visa by meeting one of these two requirements, do not submit your application.  If you are refused a visa, your fee will not be refunded.

If any of your documents are found to be falsified, you will be permanently ineligible to receive a U.S. visa.

Attention: There have been instances of fraudulent websites posing as official U.S. Government sites related to the Diversity Visa lottery.  Some companies posing as the U.S. Government have sought money in order to “complete” lottery entry forms.  There is no charge to download, complete, and submit the Electronic Diversity Visa Entry Form.  Successfully registered entries will result in the display of a confirmation screen containing the applicant’s name and confirmation number, which should then be printed.  The confirmation page will provide information that the entrant must use to electronically check the status of their own entry through the Entry Status Check. Only those entrants who keep their confirmation page information will be able to check their entry status and, if selected, receive application instructions and notification of their immigrant visa interview appointment. Applicants selected in the program will NOT be notified by letter.

About the Author