info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Каде може најевтино да зимувате?

Print Friendly

Каде може најевтино да зимувате?

На врвот како најдобри зимски центри во однос на цената се Ливорно, Сестријере и Червинија – сите три во Италија, а веднаш зад нив е Австрија со две одморалишта меѓу првите десет. Листата е направена врз основа на цените за 6-дневна ски карта, цените за изнајмување на опрема, ски школи и за храна во близина на скијачките патеки.

Споредено со 27-те најголеми зимски центри низ Европа и Северна Америка, заклучокот е дека Италија е најисплатлива опција. Според тоа оние што сакаат да уживаат во зимските спортови, во Италија можат да добијат 7-дневен аранжман по цена од 450 до 550 евра, без трошоците за превоз.

Ливорно на Италијанските Алпи има најниска цена за ски часови, па за шест полудневни часови, ќе треба да одвоите околу 95 евра, што е многу поевтино од околу 190 евра, колку што бараат повеќето ски школи во Европа. Сепак, иако Италија во просек нуди зимување по најниски цени, Банско во соседна Бугарија, е најевтина дестинација.

Ова се зимските центри со најповолни цени за престој:

Банско, Бугарија – 328 евра
Крањска гора, Словенија – 400 евра
Елмау, Австрија – 440 евра
Ливорно, Италија – 450 евра
Солдеу, Андора – 500 евра
Рука, финска – 500 евра
Сестријере, Италија – 520 евра
Червинија, Италија – 540 евра
Мајхофен, Австрија – 545 евра
Морзин, Франција – 560 евра

Превземено од www.kajgana.com

About the Author