info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Како моментално изгледа туристичката сезона во Грција?

Print Friendly

Како моментално изгледа туристичката сезона во Грција?

 Превземено од www.mkd.mk

Со оглед на сегашната ситуација во која се наоѓа Грција, би очекувале годишниот одмор да не ви помине многу добро. Но ако му верувате на новинарот на Бизнис инсајдер, нема потреба да го одложувате летниот одмор во Грција. Еве што тој пишува во текстот насловен: „Само што поминав 16 дена во Грција, ако планиравте да одите наскоро, нема причина да го откажувате патувањето“.

„Во моментов се вратив од Грција. И од перспектива на турист можам да кажам дека сè беше во ред. Се вратив од патувањето што траеше 16 дена неделава и првото прашање што луѓето ми го поставија беше „Колку ја почувствува кризата?“.

„Одговорот е дека воопшто не ја почувствував кризата во оваа држава. Најголемата непријатност што ја доживеавме беше тоа што на неколку пати моравме да прошетаме до неколку автомати додека да пронајдеме некој во кој имаше пари. И кога тоа ќе се случеше, можеби моравме да стоиме во ред околу пет минути. Дури и кога банките прогласија дека дневно ќе може да се подигнуваат само 60 евра, тоа не се однесуваше на нас што имавме американски картички. Освен тоа, повеќето места каде што бевме и престојувавме имаа можност да си платиме со картичка. Патувавме по Пелопонез, се искачивме на Метеори, поминавме неколку дена во Атина и потоа отидовме на Санторини и на Миконос“.

„Од разговорите со луѓето што работат со туристи во подрачјата надвор од Атина, можам да заклучам дека тие се однесуваат како воопшто кризата да не постои. Вистина е дека имаат помалку грчки туристи, но меѓународните посети и туристи се многубројни. Ник сопственикот на куќата во која спиевме во Санторини, вели дека нивниот капацитет е резервиран од април. И во Атина изгледа дека се функционира нормално. Во Атина бевме во сабота навечер и шетавме во познатата област Плака и Монастираки во центарот на градот, и кафе-баровите, и рестораните, и дуќаните беа полни со луѓе и со туристи. Знаците на кризата што ги видовме повеќе беа последица на долгорочните економски проблеми низ кои поминала Грција, а тоа беа незавршени градежни работи, празни дуќани за автомобили“.

„Утрото на референдумот полетавме и зборувавме со луѓето пред да гласаат. Добивме впечаток дека не очекуваат дека многу нешта ќе се сменат без разлика на тоа во кој правец ќе одат резултатите. Тоа нема да влијае на економската ситуација, а никој не знаеше да каже како резултатот ќе влијае на преговорите. Нашиот таксист во саботата навечер ни кажа дека се надева дека ќе изгласаат „Не“, толку колку да им покажат на другите земји дека постои надеж и дека можат да им се спротивстават на европските бирократи“.

„Кога сето тоа ќе се земе предвид, имавме среќа. Патот ни помина без проблеми. Нашиот комплетно нов автомобил не се расипа. Не моравме да одиме на брза помош.Да ни се случија некои непредвидени нешта сигурно ќе ги видевме недостатоците во системот. Наместо тоа го видовме само она што Грција ја прави неверојатна дестинација. “

„Пејзажите се прекрасни, препорачувам да се повозите преку планината од Спартија до Каламата. Значи ако одите би ви предложил да земете со себе евра колку што ви требаат, за секој случај. Ќе го избегнете стресот со банкоматите. И секако информирајте се за тоа што се случува. Но од моето искуство, нема причина да го откажувате патот. Тоа што ќе внесете евра во Грција е мал начин да помогнете“.

About the Author