info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Канада ширум ги отвора границите!

Print Friendly, PDF & Email

Сакате да се селите? Канада ширум ги отвора границите!

Превземено од http://faktor.mk/archives/130155#

 Sponsoring-a-Spouse-to-Canada-6

 

Канада во наредната година ќе прими помеѓу 260.000 и 285.000 доселеници, што е рекорден број во историјата на оваа земја рекол министерот за државјанство и имиграција Крис Александер претставувајќи го планот за доселување за 2015 година.

-Новиот имиграционен план ја зајакнува посветеноста на нашата влада на долгорочниот економски раст и на благосостојбата на сите Канаѓани. Со овој план ќе им посакаме добредојде на рекордниот број на лицата кои ќе допринесат на нашата економија и пазар на работната сила изјавил Александар.

Тој изјавил дека Канада во 2015 година ќе обедини повеќе доселенички семејства и ќе продолжи да им овозможува помош на најзагрозените семејства во светот.

Најмногу нови доселеници (65 отсто) ќе бидат примени во категоријата економски имигранти, а преостанатите 35 проценти ќе ги сочинуваат членови на семејства на доселеници кои се веќе во Канада и кои сакаат со нив да продолжат да живеат во таа земја. Во таа третина влегуваат и бегалци и други кои Канада ги прима по некои хуманитарни програми.

На реализацијата на зголемениот план на доселување треба да допринесе и новиот модел на активно доведување на економски имигранти наречен „Брзо влегување“ кој ќе започне да се применува во јануари 2015 година и ќе овозможи поголема флексибилност и побрзо исполнување на барањата за работни места за кои нема доволно Канаѓани.

Кандидатите за работа и имиграција кои имаат важечка понуда за работа во Канада или номинација по провинцијалски програми ќе бидат повикани да се пријават за добивање статус на постојан жител.

Секоја година владата на Канада во договор со владата на 10 провинции и три територии го одредува новиот број на новодојдени лица за кои се очекува дека ќе бидат примени за нови постојани резиденти (жители). Од 2006 до 2013 година во Канада се доселил рекорден број на луѓе по разни основи – просечно 257.000 секоја година.

 

About the Author