info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Канадска виза – новости и известувања

Print Friendly, PDF & Email

Канадска виза – новости и известувања

Се отвора нов Центар за Виза Апликации на Канада за жителите на Македонија, во Скопје. 
http://vfsglobal.ca/canada/macedonia/news.html

ВФС Глобал како дел од договорот доделен од Владата на Канада ќе обезбеди услуги од Центарот за Виза Апликации  на Канада (ЦВАК)  за барателите кои сакаат да патуваат во Канада . Според договорот , ВФС Глобал ќе воспостави стабилна светска мрежа од 125 Центри за Виза Апликации на Канада.

Оваа глобална мрежа на ЦВАК ќе обезбеди зголемен пристап и подобрени административни услуги за барателите преку пристапот на постојана испорака на услуги, која , исто така, ќе поддржи биометриска имплементација.

ВФС Глобал раководи со Центарот за Виза Апликации на Канада ( ЦВАК) во Македонија кој го води канцеларијата на Меѓуародната Организација за Миграции во Скопје.

На ВФС Глобал му е задоволство да го објави отворањето на Центарот за Виза Апликации на Канада ( ЦВАК ) управувана од страна на Меѓународната Организација за Миграција (ИОМ ) во Македонија, на 9ти Октомври, 2013 година.

Центарот за Виза Апликации на Канада нуди ексклузивни услуги за Владата на Канада и овластен да прифаќа барања од сите категории за привремен престој ( посетителски визи, студентски и работни дозволи ) и барања за патни исправи од постојани жители на Канада во Македонија.

ЦВАК е овластен да обезбеди услуги за административна поддршка, како што се собирање на барања за визи и враќање на пасоши во запечатени коверти со одлуката за барателите. ЦВАК, исто така, може да помогне во закажување интервју во име на Виза Канцеларијата на Канада.

Одлуката за издавање или одбивање на виза е правена исклучиво од имиграционите службеници на Државјанство и Имиграција на Канада (ДИК ), во согласност со имиграционите виза правила и упатства на Канада. ЦВАК нема улога или влијание врз исходот на барањето и нема да нуди никакви проценителни совети.

Користењето на ЦВАК е доброволно. Таква услуга , исто така, може да се добие директно од ДИК со употреба на системот на ДИК за поднесување барање преку интернет (Е-Барања).

Со новите капацитети понудени од страна на ЦВАК , барателите можат да имаат корист од повеќе капацитети и дополнителни услуги како што се:

Погодно лоциран и лесно достапен центар за виза апликации
Подолги работни часови ,дозволувајќи им на барателите да го посетат, во време кое на нив им е погодно
Удобни и пространи простории за чекање со современи капацитети
Професионален и одговорен персонал посветен да се справи со прашањата за виза и подесувањето барања
Посветена веб-страница за лесен пристап до информации, вклучувајќи видови на визи, список на барања, биометрика , давачки за барањата и состојба на барањата
Посветени центри за повик и подршка преку Е-пошта за одговор на прашања и за следење на состојбата на барањето
Следење на состојбата на барањата
Сигурно ракување со патни исправи, документи  и лични информации
За повеќе информации, ве молиме посетете ја www.vfsglobal.ca/Canada/Macedonia


Центар за Виза Апликации на Канада Детали   

Податоци за контакт
Линија за помош: +389 2 3088 123
+389 2 5512 571
Е-пошта:  info.canskoiom@vfshelpline.com
Веб-страница: www.vfsglobal.ca/Canada/Macedonia
Адреса и Работно Време
Адреса: Центар за Виза Апликации на Канада 
Меѓународна Организација за Миграција (ИОМ) – Македонија, ПЈР
Ул. Јордан Мијалков 50 a,1000 Скопје
Поранешна Југословенска Република Македонија
Време за Поднесување: 09:00-16:00.| Понеделник до Петок (со исклучок на празници)
Собирање на Пасоши: 14:00-16:00| Понеделник до Петок (со исклучок на празници)

*Центарот за Виза Апликации на Канада ќе биде одговорен само за прифаќање на барања во категориите на привремен престој (посетителски визи, студентски и работни дозволи) и за барањата за патни исправи од постојани жители на Канада во Македонија. Сите барања ќе бидат оценети и обработени од страна на Виза Канцелариите на Канада во Виена, Австрија. Роковите за одобрување/одбивање за виза се во дискрецијата на властите.

За ВФС Глобал
ВФС Глобал е светски најголемиот специјалист за аутсорсинг и технолошки услуги за влади низ светот. Со 1060 Центри за Виза Апликациии (ЦВА) лоцирани во 91 земји низ пет континенти како од 30ти Септември  2013 година, ВФС Глобал служи на интересите на 45 влади. Низ светот, операциите на ВФС Глобал се сертифицирани со ИСО 9001:2008 Систем на Управување со Квалитетот, ИСО 27001:2005 Систем за Управување со Сигурноста на Информациите и ISO 14001:2004 Систем за Управување со Животната Средина. Компанијата успешно има процесирано 64,40 милиони барања од нејзиниот зачеток во 2001 година. За повеќе информации, ве молиме посетете ја www.vfsglobal.com

About the Author
Registrations

Формулар за туристичка виза за Канада

 
Пополнете го формуларот и очекувајте нашите консултанти да ве повикаат за повеќе детаљи околу потребни документи, исполнување на услови и целокупната понатамошна постапка. За повеќе информации јавете се на 047224155.
Ариес Виза Центар
Password must be at least 7 characters long.
Navedete vrska, ime i prezime i data na ragjanje na sopatniokot
Ako odgovorot e da, navedete datumi koga ste prestojuvale od/do...
Ako odgovorot e da, navedete datum i pricina za odbivanjeto
Ako odgovorot e da navedete koga aplikacijata e podnesena i do kade e procesot za odobruvanje
Ime i prezime, data i mesto na raganje na tatkoto i majkata
Ako odgovorot e da, navedete koj i kade se naogja
Ako odgovorot e da, navedete kade i koga ste ziveele vo Kanada
Dokaz za srodstvo prestavuva dokument vo koj se gleda povrzanosta (izvodi od maticna kniga na rodeni)
Za sekoj tip na vrabotuvanje e potrebno da dostavite dokaz (potvrda od rabota, M1M2, dogovor za otkup na zemjodelski proizvodi i slicno)
Navedete so sto se zanimavate
Navedete od kogo i kako?
Navedete kade i vo koj period ste patuvale vo stranstvo

Почитувани, Вашите податоци ќе бидат искористени само за потребите на апликацијата за виза и грижливо чувани од трети лица. Ви благодариме за довербата.

Please login to view this page.
Please login to view this page.
Please login to view this page.