info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Кој е најскапиот град на светот?

Print Friendly, PDF & Email

Верувале или не, Сингапур се уште го води на листата за најскап град во светот, а веднаш по него следуваат Париз, Осло, Цирих и Сиднеј, објави истражувачката агенција Economist Intelligent Unit.

Истражувањето опфати 133 градови низ светот, а како основа за истражување е земен Њујорк, додека споредувањето на трошоците е вршено за 160 услуги и производи, вклучувајќи храна, облека и комунални услуги. Во областа на животните намирници, Сингапур е за 11 пати поскап од Њујорк, а заедно со Сеул е најскапото место за купување на облека, бидејќи производите имаат 50% поголеми цени отколку облеката низ њујоршките продавници. Сингапур има и висока цена на автомобилите, а трошоците за превозот се скоро за три пати поголеми.

Податоците собрани во ова истражување се наменети за калкулирање на трошоците на животот на оние кои сакаат да го сменат местото на живеење, како и за патниците кои патуваат за време на работа.

Economist Intelligent Unit ги објави и најевтините градови на светот. На врвот на оваа листа се најде Карачи (Пакистан), а веднаш зад него е индискиот град Бангалор, венецуелската престолнина Каракас и индиските градови Мумбај и Ченај.

About the Author