• +389 47 224155 | +389 47 224156 | +389 72 228155 | +389 47 224151 | +389 71 224081

Колку месеци пред да истече пасошот, може да се патува?

Доколку не проверите навреме уште колку ви важи патната исправа и колкав е рокот што го толерираат државите во кои сакате да одите, може да не ја напуштите земјата

https://files2.abingcdn.com/balkaneu.com/uploads/2015/08/09022920/Macedonian-citizenship.jpg

Тоа што пасошот сè уште ви важи не значи дека ќе заминете во странство. Секоја држава има свое правило за тоа колку време не смее да е пред истек на важност вашиот пасош за да може да ја поминете границата. Така, доколку не проверите навреме уште колку ви важи овој документ и колкав е рокот што го толерираат државите во кои сакате да одите, може да не ја напуштите земјата, да ви пропадне уплатена возна карта, резервација, платен престој во хотел…

Во Министерството за надворешни работи проверивме какви се правилата на група држави во кои најчесто патуваат наши граѓани.

Правилата во ЕУ, Србија, Албанија, Црна Гора, Турција, Египет…

Патната исправа треба да е важечка најмалку три месеци по планираниот датум на заминување на странецот од територијата на земјите-членки на ЕУ и шенген-зоната. Притоа во оправдани случаи, утврдени со закон, може да не се исполни оваа обврска. Граѓаните од земјава што поседуваат биометриски пасош можат да останат во шенген-зоната максимум до 90 дена од датумот на влез во период од шест месеци (180 дена). Овој период се смета од вашиот прв влез на територијата во рок од шест месеци. На пример, доколку сте влегле во шенген-зоната на 1 февруари, следниот шестмесечен период почнува на 1 август.

За патување и престој во соседна Србија, правилото вели дека пасошот треба да е валиден за време на престојот, што значи дека може да го користите до моментот на истекување.
Истото правило, пасошот да е важечки за време на престојот, важи и за Црна Гора.
Доколку одите во Албанија, патната исправа треба да е валидна најмалку три месеци по планираниот датум на заминување од територијата на оваа држава.

За во Турција пасошот не треба да ви истече 6 месеци откако ќе се вратите.

Македонски државјани што патуваат во САД треба да поседуваат валиден пасош за периодот кога планираат да престојуваат таму. За оваа држава се вади виза за престој.
Заминувањето во Египет, пак, значи дека пасошот треба да е валиден најмалку 6 месеци од датумот на влез во Египет.

Какви се македонските правила?

За влез на странец во Македонија, патната исправа треба да задоволува два критериуми. Првиот е да е важечка најмалку три месеци по планираниот датум на заминување на странецот од нашата територијата, а вториот е да е издадена во претходните 10 години.