info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Лажни посредници за канадски визи ги мамат граѓаните!

Print Friendly

canada-immigration-visa

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Лажни посредници за канадски визи

ги мамат граѓаните!

 

canadianpassport1

Иселенички визи за Канада им ветуваат лажни посредници на македонските граѓани – за однапред уплатен надомест овие лица или агенции тврдат дека можат за многу кратко време или со олеснета процедура, да им обезбедат виза. Но, ветувањето никогаш не го исполнуваат, вели народниот правобранител Иџет Мемети.

Последниот ваков случај е посредување за канадска виза, проблем за кој Мемети бил предупреден дури и од неговиот канадски колега. Понудите на ваквите посредници обично се шират по социјалните мрежи или во огласниците, па на граѓаните им се препорачува да бидат исклучително внимателни и да не наседнуваат.

Доколку граѓаните сепак се одлучат да вадат виза преку посредник, појаснува Омбудсманот, треба да внимаваат и да се осигураат дали лицето или агенцијата кои се претставуваат како посредници за имиграција, се овластени да делуваат од страна на Министерството за имиграција.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните секој сомнеж за ваква измама веднаш да го пријават.

 

About the Author