info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Летање во прва класа со најдобриот авион во светот!

Print Friendly

Авионите знаат да го пружат луксузот, кој што не може да се најде во повеќето хотели. Ако сакате да го почувствувате, се што е потребно е да платите околу 23.000 сингапурски долари (или 18.000 американски долари) и за овие пари ќе патувате во првата класа, односно во луксузниот  апартман на Airbus A380 сопственост на авионската компанија Singapore Airlines. Токму тоа го направи младиот бизнисмен Дерек Лоу, кој патувал од Сингапур до Њујорк, а искуството го сподели на неговиот блог.

Според него цената на билетот, вредела за  комплетната услуга и третман кои ги добил за време на патувањето. Златна карта за во „Private Room“, неверојатни јадења и уште многу други работи кои ги има токму во овој апартман, кој е прв на листата на најдобри авионски апартмани се само еден мал дел од луксузот.

Веднаш штом зачекорил во првата класа на аеродромот во Сингапур,  се почувствувал како вистинска „ВИП фаца“. Се што требало да направи е да го најави  пристигнувањето, а останатото им го препуштил на персоналот.

За „The Private Room“,  Дерек вели дека спаѓа во класа повисока од првата. Можете да ја замислите нејзината луксузна удобност, нели? Во неа имал кожен мебел и дрвени маси, а ентериерот е софистицирано уреден.

– Персоналот ми се обраќаше по име, како веќе да знаеја сè за мене уште пред да ме запознаат, напишал Дерек.

Менито изобилувало со различни јадења.  Првата неговата нарачка била: пилешко, рак и говедски бургер со јајца.

По јадењето, се упатил во приватниот апартман во кој имало доволно простор од удобните фотелји да се направи спална, но и единичен кревет, во зависност од желбите на клиентите.

За добредојде го почестиле со шампањско „Dom Perignon“ и му понудиле слушалки за да слуша музика или да гледа филм.

Сепак, слушалките не се единственото нешто кое  го дoбил. Тука била и колекцијата од Salvatore Feragamo убаво спакувана во елегантен црн несесер, како и пижамите, влечките, перниците и ќебиња со потпис на Givency.

Пред да слетаат повторно одлучил да проба од превкусните јадења, за кои долго време размислувал. Најпосле се одлучил за кавијар со салата од ракчиња, ориз и аспарагус и торта од ванила и малина.

Откако разговарал со главниот шеф, тој открил дека токму во оваа А-класа патувале многу претседатели и министри, но и познати актери како што се Леонардо ди Каприо и Морган Фримен. Откако слетал во Њујорк, единствено нешто за што зажалил е зошто не одбрал подолга дестинација за ова магично патување да потрае подолго!

About the Author