info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Мелбурн – културната и спортската престолнина на Австралија

Print Friendly, PDF & Email

Мелбурн е градот кој се издвојува од останатите особено со својот образовен систем, но не заостанува ни со туризмот и културата. Затоа не не чуди што редовно се наоѓа на врвот на листата за светски градови во кои најубаво се живее.

Се наоѓа на југоистокот на Австралија, во државата Викторија. Основан е во 1835 година, а за време „златната треска“ околу педесеттите години од минатиот век, стана еден од најголемите и најбогатите светски градови.

Последните децении Мелбурн се истакна како седиште на австралиската култура, особено поради филмските уметности, а исто така е прогласен и за Град на литературата од УНЕСКО. Преполн е со галерии, во кои се одржуваат голем број на филмски фестивали со жива музика, во кои се консумира јака храна и добро вино.

Мелбурн е еден од најтоплите градови во јужната хемисфера за време на летото. Сепак, низ останатите годишни доби, во него нема да видите многу разголени луѓе како во Сиднеј, затоа што има посвежа клима. Интересно е што многу кафе-барови, клубови и ресторани имаат кодекс на облекување, па не може да влезат момчиња со обични маици и патики.

Филмскиот фестивал се одржува во август, фестивалот на уметноста во октомври, а фестивалот на комедијата во април. Секоја година се одржуваат разни концерти и изложби, а покрај најпознатиот музеј „Мелбурн“, постојат и музеи посветени на науката, кинеската историја, историјата на Евреите, спортот, мото спортот, филмот, железницата, полицијата и многу други.

Еден од најпознатите објекти е националната галерија „Викторија“, која е најстариот јавен музеј во Австралија. Исто така, позната е и државната библиотека „Викторија“, која е една од најстарите културни институции во земјата.

Архитектурата во Мелбурн претставува мешавина од модерни згради и оние кои се изградени при крајот на 19 и почетокот на 20 век. Меѓу најпознатите згради е Кралската изложбена галерија, изградена во 1880 година, а подоцна во неа е основан и Парламентот.

Меѓу главните туристички атракции се вбројува и зградата на Парламентот, катедралата Св.Павле и железничката станица „Flinderst Strit“, која била најпрометна во дваесеттите години од минатиот век.

Во 1956 година во Мелбурн се одржале првите Олимписки игри во јужната хемисфера. До тогаш игрите се одржувале само во Европа и САД. Освен тоа што е домаќин на еден од најголемите тениски турнири во светот – Australian Open, Мелбурн е центарот на многу спортски натпревари. „Albert Park“ е познатиот парк на чија стаза се вози Големата награда Австралија.

Познат е и по крикетот и австралиското рагби, за кој може да се каже дека не е само спортот во прашање, туку и религијата, затоа што во последната деценија, Австралијанците го прифатија и вистинскиот фудбал Сега за сега постојат само два тима во Мелбурн – Victory и Hart. Во иднина може да очекуваме бројката да се зголеми.

About the Author