info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

MK Transport: Се што ви е потребно за патување низ Македонија

Print Friendly, PDF & Email

mk-transport-f

Може слободно да кажеме дека во изминатите години гледаме се повеќе македонски апликации за паметните телефони. Тоа во главно се должи на огромниот број на корисници, односно се помалиот број на луѓе кои што не користат некаков паметен телефон, па логично е да се очекува нашите програмери да развиваат и за Македонија.

Денеска сакаме да ви претставиме една одлично направена македонска апликација чија што намена е да максимално ви го олесни организирањето кога планирате да патувате низ Македонија. Како што знаете вие кои што патувате, иако постојат веб страни, сепак до информација за автобускиот и железничкиот сообраќај не секогаш се стига толку лесно. Исто така не постои едно централно место каде што би можеле да ги добиете сите потребни информации.

MK Transport е апликација моментално достапна на Windows Phone на која што можете да ги најдете сите информации кои што би ви биле потребни кога планирате патување до некој од градовите во државата. Апликацијата дури вклучува и мал советник кој што содржи навистина интересни и корисни информации кои што не е лошо да ги знаете пред да патувате.

Апликацијата е едноставно организирана и преку неа можете да ги видите сите автобуски и железнички станици, како и контакт информациите за нив. Таму каде што оваа апликација доаѓа до израз е планерот на патувања. Преку планерот избирате каде сакате да одите и од каде тргате, по што ќе ви бидат прикажани сите тргања по час, поделени по превозник.

mk-transport-screens

Кога ќе го изберете времето и превозникот кој што ви одговараат, добивате уште една корисна страна на која што можете да видите повеќе детали околу линијата. Па така, ќе ви бидат прикажани времето на тргање, времето на пристигање на дестинацијата, оддалеченоста во километри, цената на билет во еден и два правци, како и сите попатни станици на кои што автобусот или возот застанува.

Би сакале да нагласиме дека апликацијата е исто така одлично направена, односно запазен е секој аспект од нејзиниот дизајн, а работата е брза и интуитивна. Карактеристиките на апликацијата ги вклучуваат следните:

  • Metro стил
  • Планер за пребарување на рути
  • Историја на пребарувања
  • Зачувани пребарувања
  • Омилени линии
  • Преглед на сите станици
  • Листа со новости
  • Детален приказ на рута
  • Пребарување на автобуски станици
  • Пребарување на железнички станици
  • Pin to Start опција за брз пристап до возните линии
  • Офлајн пристап (кеширање) на последно пребаруваните рути без да користите интернет конекција

Апликацијата е достапна бесплатно за сите корисници на Windows Phone 8 и 8.1 и можете да ја симнете преку следниот линк. Во иднина се планира достапност и на Android, Windows и преку веб. Можете да ја следите и Facebook страната на која што се објавуваат корисни информации поврзани со превозот во државата.

About the Author