info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Kој мотив е најважен да се замине од државата

Print Friendly, PDF & Email
AURA - Nova godina 2015 1-01

Kој мотив е најважен да се замине од државата

vesnma_iseluvanje.jpg

„Традиционално во декември вадиме повеќе визи за во прекуокенските земји најмногу за Австралија, така што има доста патници кои што заминуваат на месец, два или пак три. Некако амбасадите ги имаат подотворено вратите, добиваме во 90% од случаите позитивен одговор, така што луѓето можат да отпатуваат и да ги видат роднините . Веќе трета година ги работиме студенските визи и можиме да се пофалиме со 50-тина апликации успешни во текот на оваа година кои што веќе се таму, се школуваат и учат јазик”, изјави Никола Митревски ТА Ариес

Се поставува прашањето кој мотив е најважен да се замине од државата , дали тоа се дипломите, кариерата, искуствата што ќе се стекнат и да се почне од нула да создаваат нов дом таму некаде преку океанот или финансиите. Но каде е најдобро да се живее никој незнае вели Митревски

„ Најбитно е да сака да студира, има клиенти кои прашуваат за тоа но не им е тоа целта. Како дома нема никаде. Но факт е дека луѓето сакаат да го видат светот да излезат и да се видат себеси кај се. Нормално образованието е битна работа. Поселе завршувањето може да бира дали ќе остане таму или ќе оди во друга Европска земја. Ако сакаат да придонесат за оваа држава нешто со добро образование, можеби финансиски поспособни можат да се вратат дома и да инвестираат и да направат нешто за нивната земја”, додаде Митревски

Од 1998 до 2011 година од Македонија си заминале 10 % од населението, или околу 230 илјади граѓани, се наведува во статистиката на Еуростат. Според канадското биро за државјанство и имиграција во 2011година 186 македонски дражавјани добиле иселенички визи. Во последните 10 години неколку стотици граѓани секоја година добиват статус за легален перманентен престој во Канада.Најголема е бројката во 2003 година 635 македонски гаѓани тогаш добиле право да се иселат во Канада. Слични се и бројките за другиот крај на светот. Во 2011 година 256 Македонци се преселиле во Автсралија, покажуваат податоците од Австралиското министерство за миграција. Повеќе од 1.500 од туристички или други потреби ја посетиле Австралија, а околу 120 студенти од Македонија со студентски визи го продолжиле своето образование таму.

About the Author