info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

На Канада и требаат работници, ги менува правилата за доселување

Print Friendly, PDF & Email

Канадската влада најави дека од јануари 2015 година ќе започне со доделување на експресни визи кои ќе им овозможат на работодавачите што побрзо да ги пополнат работните места со квалификувани работници.

Coal-Harbour-Waterfront-with-Canada-Flag

Станува збор за промена на имиграцискиот систем на кој Канаѓаните работат во изминатите 18 месеци. Новата Express Entry виза ќе го замени тоа што досега се викаше Expression of Interest и ќе биде побрз начин Канада да ги одбере имигрантите врз основ на нивните вештини и знаења кои и требаат на Kанада, а на основ на интересите кои ги идентификуваат владата и работодавачите.

Express Entry визата ќе има и можност за долгорочно останување во Канада.

Четири програми

„Ќе можете да донесете своја проценка и понуда за работа и преку Express Entry системот да се осигурате дека личноста која ви треба ќе дојде во Канада како имигрант, а не привремен странски работник. Значи, не како некој кој тука е со несигурна иднина и кој веројатно ќе си замине, туку како вистински имигрант во Канада”, изјави канадскиот министер за имиграција Крис Александер.

Како што објаснува СВС, идните имигранти прво би искажале интерес за доаѓање во Канада, а потоа би одговориле на низа прашања за своите вештини, едукација, јазиците кои ги говорат и т.н. Тогаш, нивниот профил би се споредил со потребите на пазарот на трудот, а потоа би им се понудила работа низ четири програми на кои ќе можат да се пријават.

Со ова, Канада би ги избрала најдобрите работници кои ќе се пријават, а не оние кои ќе се пријават први, а целиот процес за добивање дозволи ќе се скрати на шест месеци и помалку.

About the Author