info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Награда за вработените- Крстарење

Print Friendly, PDF & Email
 Награда за вработените- Крстарење

Сопственикот на црногорски ланец продавници за спортска опрема Радомир Новаковиќ – Цакан честел 14 свои работници со луксузно крстарење. Наградата ја добиле неговите најдобри вработени.

Работниците ќе крстарат по Медитеранот во периодот од 9 до 19 јануари, и тоа со луксузниот крузер „Сплендид“. Ќе тргнат од Џенова, а во склоп на патувањето ќе ги посетат Барселона, Марсеј, Тунис, Сицилија, Рим, Венеција и Милано. Новаковиќ пред две години со сличен гест ги изненадил сите, кога на четворица свои вработени им купил нови автомобили.

Во групата вработени во компанијата на Новаковиќ има од продавниците во Бар, Будва, Котор, Игало, Подгорица и Бјело Поље.

Морав да најдам начин да им се одолжам“, рекол Новаковиќ, и додал: „Сега не можев да купам автомобили, но морав да најдам начин како да им кажам благодарам на луѓето заради кои нашата компанија добро работи и заради кои секогаш има позитивна атмосфера во секоја продавница. Уште во септември решив дека вака ќе ги наградам, а ги одбрав оние кои навистина беа најдобри“.

Е ова ти се вика газда!

About the Author