info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Неколку работи за живеењето во странство

Print Friendly, PDF & Email

Неколку работи за живеењето во странство

 

Животот во странство ве учи на многу нешта и да бидеме искрени, не е за секого. Само одредени луѓе можат да се справат со притисокот и адреналинот кој тој со себе ги носи. Еве кои се неколкуте работи со кои сигурно ќе се соочите доколку се одлучите за живот во странство.

(0) Неколку работи за живеењето во странство

Слобода – Нов вид слобода. Слобода да правите што сакате, да патувате, да правите сопствени избори, едноставно слобода да бидете она што вистински сте.

Излез од комфор-зоната – Нема повеќе да седите во вашиот дом и да гледате како животот ви минува пред очи. Ќе успеете да ја разбудите храброста и да се сносите со едно вакво искуство.

Нови вештини – Кога одите во странство постојано ги пресметувате сумите во домашната валута, па ништо чудно да ви се подобрат математичките вештини.

Комуницирање – Постојано се среќавате со нови луѓе и неизбежно е да комуницирате. Доколку пак не го познавате јазикот добро, тогаш ќе дадете сѐ од себе за да се разберете и да ги реализирате своите најосновни потреби.

Нови случувања – Неверојатни секојдневни случки кои секогаш ќе ги паметите. Одење по болници, аеродроми, заболекари, каде сѐ ви е ново и непознато. На секој можен начин се обидувате да се објасните и да успеете во својата намера.

(1) Неколку работи за живеењето во странство

Важноста на малите нешта – Кога сте во странство сфаќате дека празниците и малите нешта кои тука не сте ги сметале за важни се оние кои најмногу ве прават носталгични.

Созревање – Се запознавате себе, стекнувате многу пријатели, се учите како да се снајдете и носите со одговорностите на животот.

Адреналин – Ништо не предизвикува поголем адреналин од качувањето во авион и патувањето кон непознато место. Не ги познавате околината, луѓето, јазикот. Е тоа е вистински адреналин!

Трпение – Сфаќате дека сте самите одговорни за сѐ. Порачувањето храна, влегувањето во такси и секојдневните нормални задачи побаруваат многу трпение. Околностите мора да се прифатат и храбро да се продолжи понатака.

Ново искуство – Ново искуство кое ќе ве промени вас, вашиот живот и кое во иднина со сигурност ќе ви донесе многу придобивки.

(2) Неколку работи за живеењето во странство

Превземено од www.kafepauza.mk

About the Author