info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Нови правила за виза за студирање и работа во САД

Print Friendly

Странските студенти сега ќе имаат можност да работат три години по завршувањето на своето образование во САД. Федералната влада на САД ги промени правилата за немигрантските студентски визи месецов, со што странските студенти ќе може да останат во земјата по дипломирањето за тренинг или потенцијално вработување, а потоа и „Зелена карта“.

Со ова, САД станува една од најдобрите земји за студирање во споредба со останатите развиени земји, како Обединетото Кралство, што не нуди вработување за странските студенти по дипломирањето. Сепак, оваа можност ќе биде достапна за студентите кои ќе дипломираат во областите: наука, технологија, инженерство и математика.

Според претходното правило, дипломираните можеа да останат во земјата за работа по студирање во период од најмногу 17 месеци. Новата регулатива ќе стапи во сила на 10 мај 2016.

Постојат неколку правила кои треба да се знаат:

– Само студентите со диплома од факултет признаен од американското министерство за образование може да останат по дипломирањето;

– Студентите може да се запишат на последипломски студии;

– Работодавците ќе мора да претстават програма со цели за учење и тренинг за вработените кои остануваат;

– Мора да се принесе извештај за промена на финансиите;

– Студентот не смее да заменува американски работник;

– Студентите мора да работат барем 20 часа неделно;

– Студентите имаат право на ограничен период на невработеност за време на почетниот период.

About the Author