info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Ова се најубавите плажи во Шпанија

Print Friendly, PDF & Email
Прекрасни екстравагантни глетки, градби и историски места со децении ги воодушевуваат туристите со својата убавина. За време на летната сезона многу туристи и љубители на Пиринејскиот полуостров доаѓаат во оваа земја за да се одморат на сонцето, а ова се некои од најубавите плажи идеални за одмор во Шпанија.

Ел Котиљо


Оваа плажа се наоѓа во градот Лас Палмас и е централна атракција за илјадници туристи. Прекрасната сина боја на морето овозможува пријатна топлина за љубителите на природни убавини, а сонцето ги мами и најголемите противници на сончање.

Плажа Де ла Бароса


Оваа прекрасна плажа се протега на дури шест километри и се наоѓа во Кадиз. Туристите поголемиот дел од времето го поминуваат во различни ресторани и барови, а самата плажа е позната по спортови на вода, затоа што свеж ветер струи по целата област.

Ла Конча

Оваа плажа која е сместена во непосредна близина на Сан Себастијан, се смета за една од најубавите градски плажи во Европа. Таа е позната и како една од најмногу фотографираните плажи на светот. Најубавата карактеристика на оваа плажа е златниот песок, кој дава посебен ефект за време на изгрејсонцето и зајдисонцето.

Лас Катедралес

Една од најинтересните карактеристики на оваа плажа, која ја прави уникатна, е големиот број на карпи кои ја опкружуваат. Висината на карпите достигнува и до 30 метри, а тоа доведува до силна плима и ветер. Оваа плажа вообичаено е место за многу фотографи и други љубители на природата кои доаѓаат да го видат магичното изгрејсонце и зајдисонце.

Илетас

Сместена на северната страна од Форментере, оваа плажа е сигурно една од најубавите плажи во Шпанија. Од една страна на плажата се наоѓаат камен ѕид и многу ресторани и барови. Тука песокот е пофин од другите места во Шпанија, па затоа оваа плажа особено ја обожуваат пешаците.

Теремолинос


Ова е една од првите пплажи во Шпанија каде што почна да се развива туризмот. И денес е една од најпосетуваните плажи во регионот, особено во летниот период. Како резултат на тоа, оваа плажа има голем број на барови, ресторани и спортски содржини.

Плажа Нерја


Таа е вклучена на листата на плажи кои ја добиле престижната награда Сино знаме, со која се означуваат најквалитетните плажи. Една од најпознатите плажи во оваа група е Буриан, каде што има голем број на ресторани, барови и клубови.

Кала Саона

Оваа плажа се наоѓа во непосредна близина на мегапопуларната Ибица. Плажата со бел песок е опкружена со карпи и иако е релативно мала – сепак е добро посетена. Според некои туристи, оваа плажа овозможува најдобра глетка на зајдисонце во Европа.

About the Author