info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Будва-Котор-Дубровник-Св.Стефан

 

1.Ден 29.12.2017 (Петок)- Состанок со групата во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Будва. Патот води преку граничен премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 30.12.2017 (Сабота)- Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови, краток панорамски разглед па продолжување конБудва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во вила ИМПЕРИА. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот. Вечерта прва реприза на новогодишна ноќ на плоштад или посета на дискотека (можност за резервација преку агенција). Ноќевање.

3.Ден 31.12.2017 (Недела)- Факултативен целодневен излет до Дубровник. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Вечерта дочек на Нова Година на плоштад каде ќе имате можност да уживате во бројната музичка програма. Ноќевање.

4.Ден 01.01.2018 (Понеделник)- Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Денско возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Битола во вечерните  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 4500 мкд     3800 мкд

 Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во вила ИМПЕРИА
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител на групата

Во цената не е вклучено:

  • Факултативни разгледи и излети ( Дубровник и Котор) – 15 еу
  • Патничко осигурување