info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

ДУБАИ ОКТОМВРИ 2017-АПРИЛ 2018

 

Дубаи е еден од седумте Емитрати кои во 1971 година ја формираа државата Обединети Арапски Емирати. За разлика на Абу Даби, кој е седиште на нафтената индустрија и на сите владини институции, Дубаи прерасна во главен трговски центар, во кој туризмот се развива со вртоглава брзина. Дубаи поседува необичен спој на старото и новото, Исток и Запад, постоејќи во еден совршен склад.

Општи информации – Локално време е плус 3 часа во однос на Македонија, Валута – ДИРХАМ.

Ако сте во потрага за одмор или за забава, тука ќе најдете прекрасни услови за спортување и за забава, од голф и спортови на вода до сафари во пустината и крстарење со традиционални дрвени бродови по заливот, крикот на Дубаи. Или едноставно може да уживате во текот на цела година во сонцето и плажите на Дубаи. Дубаи е рај за шопингхоличарите. Златен накит, дизајнерски креации, најнов збор на електрониката и што уште не може да најдете тука, поминувајќи низ продавниците на старите пазари, како и во луксузните трговски центри.

Семејствата со деца ќе откријат дека тука има многу места каде што може да забавува целото семејство – Creekside Park, водениот парк Wilde Wadi, универзалниот парк  Wonder Land, зоолошката градина и многу други занимации. На крајот на денот, Ве очекуваат илјадници ресторани, кои Ви нудат богат избор на јадења и пијалоци за сечиј вкус. Не заборавајте дека алхохолот во арапскиот свет се нуди на ограничен број места, ресторани и хотели и најчесто е многу скап. Дубаи е местото каде што секогаш можете да најде нови работи и места за посета, без оглед колку пати сте го посетувале. Ова е град кој постојано се развива и каде постојано изникнуваат нови и модерни згради пред Вашите очи.

МЕСТА ЗА ПОСЕТА

Најлуксузен хотел Burj Al Arab 7 * – со своите 321 метри, ова е највисок хотел во светот . Единствена зграда која е изградена на вештачки остров, оддалечен на 280 метри од брегот на Персискиот залив поврзани со копното преку тесен мост кој оди над површината на водата. Изградбата на хотелот започнува во 1994 година и е отворен за посетители на 1 декември 1999 година.

Burj Khalifa (Бoрж Калифа) – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови (потребна е претходна резервација).

Atlantis the Palm – Нов и импресивен хотел во Дубаи, кој се наоѓа на врвот на палмата Palm Jumeirah. Тука може да го посетите уникатниот аквариум The Lost Chambers и аква паркот Aquaventure. Во самиот хотел можете да посетите и некој од многубројните барови и ресторани и да уживате во арапската и интернационалната кујна.

Ски Дубаи – првата затворена скијачка патека во светот, во Emirates Mall трговскиот центар, импресивен објект , кој Ви дава неповторлива можност да скијате и да одите на плажа во еден ист ден.

Chill-out – уникатен кафе бар од мраз, во Times Square Mall, кои Ве носи директно на Северниот пол.
Аквариумот во Дубаи Мол трговскиот центар – уникатен аквариум каде може да видите и ајкули и многу видови на риби и морски останат морски свет. Доколку сакате да влезете во него потребно е да се купи карта во самиот трговски но доколку несакате мал дел од аквариумот може да се види и од ходникот на самиот трговски центар.

Bastakiya – стариот дел на градот, кои не носи назад во времето и ни го покажува  животот на луѓето на оваа земја пред откривањето на нафтата и на почетокот на развојот на современиот Дубаи. Овој дел од градот се посетува со city tour. За повеќе информации можете да се обратите кај вашиот агент или кај нашиот водич на лице место.

Creekside Park– прекрасен парк со многу зеленило, со многу игралишта, области за разонода, амфитеатар, игралиште за мини голф. Работно време (проверете го за време на Вашиот престој во Дубаи) 8-22 часот, среда е отворен само за жени и деца. Овде можете да го видите шоуто со делфини и фоки.

Jumeirah Park Beach Garden – Една од многуте убаво уредени плажи во Дубаи. Се наоѓа во близина на областа Al Barsha (околу 7 еур со такси). Плажата е комплетно опремени со лежалки, чадори, барови… Влез на плажата е околу 5 еур по лице а доплата за лежалка е околу 3 еур по лице. Целиот простор е опкружен со зеленило.

Wild Wadi – забавен воден парк, се наоѓа помеѓу Hotel Jumeirah Beach и Burj Al Аrab. Нуди незаборавна забава за деца но и за возрасни.Miracle Gardens– неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе.

Пустинско сафари– Нешто што никако не смеете га пропуштите при вашата посета на Дубаи. Незабправно искуство. Возење по екстремно големите дини со комплетно опремени и климатизирани џипови. На крајот на возењето вечера во импровизирано бедуинско село. Можност за јавање камили, бординг по песок, возење на баги колички…

Barasti beach– Moдерна плажа која се наоѓа на палмата. Секој ден организирана забава се до вечерните часови. Влез околу 30 еур со конзумација.

 

ГРАДСКИ ХОТЕЛИ ДУБАИ 01.10.2017-30.04.2017 (освен за Висока сезона)
ХОТЕЛ ЛОКАЦИЈА  ТИП НА СОБА УСЛУГА 5 дена/4 ноќи 6 дена/5 ноќи 8 дена/ 7 ноќи
IBIS DCC 3* DEIRA STANDARD DBL НП € 579 € 619 € 679
FIRST CENTRAL HOTEL APARTMENT TCOM CLASSIC STUDIO НП € 619 € 669 € 739
NOVOTEL DEIRA CITY CENTER 4* DEIRA SUPERIOR DBL НП € 639 € 679 € 769
SOMEWHERE HOTEL TECOM 4* TCOM CLASSIC DBL НП € 639 € 679 € 769
HOLIDAY INN AL BARSHA 4* AL BARSHA DELUXE DBL НП € 649 € 699 € 799
CASSELS AL BARSHA 4* AL BARSHA STANDARD DBL НП € 649 € 699 € 789
JOOD PALACE HOTEL DUBAI 5* DEIRA PREMIUM DBL НП € 669 € 719 € 819
CROWNE PLAZA DUBAI 5* SHEIKH ZAYED ROAD ROH НП € 689 € 759 € 879
MEDIA ROTANA 5* TECOM CLASSIC DBL НП € 699 € 779 € 889
HABTOOR GRAND RESORT 5*   KIDS GO FREE !! максимум во соба на 2 постојaчки легла 2 возрсни лица + 1 дете 15.99 + бебе JBR  RESORT ROOM –     (дете и бебе БЕСПЛАТНО во хотел доколку немаат дополнително легло) Полупансион 01.10-11.11.2017  и 23.12-27.12.2017
€ 1089 € 1249 € 1569
12.11-22.12.2017
€ 989 € 1099 € 1359
chd 15.99 – 399 eur/ inf – 50 eur
ИНДИВИДУАЛЕН ПРОГРАМ – минимум патници за реализација 2 лица

НАПОМЕНА – Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба/услуга за период на престој 01.10.2017-30.04.2018.
Пакет цена за 6 дена / 5 ноќи е валидна за патување од 04.11.2017 (вовоеден вонреден лет во сабота) согласно инфо од авио компанија.
Цените се изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по Промо цени на авион
Напомена – цените се валидни согласно моментална расположливост на места во хотелот (период на потврда 24 часа), валидни за нови резервации и не е ретроактивна.
Цената е варијабилна согласно промена на тарифи на карти на авио-компанија (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта).
ЦЕНЕТА НЕ Е ВАЛИДНА за период на манифестации и block-out дати (обратете се во Агенција), за ВИСОКА СЕЗОНА, празници и групни патувања, како и за дати каде што не се расположливи основни тарифи и класи на авионски карти (согласно услови на самата авио компанија)

Програма на патувањето:        
5дена/4ноќи – 6дена/5ноќи – 8дена/7ноќи, – авиокомпанија “FLY DUBAI”  
1. ден Скопје – Дубаи. Полетување на авионот за Дубаи согласно моментално објавени саатници (навдени поддолу). Слетување во Дубаи согласно моментално објавени саатници (навдени поддолу). Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
2. – 4/5/7 ден Дубаи. Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга , слободно време предвидено за индивидуални активности, одмор, организација на факултативни излети и друго.
5/6/8 ден Дубаи – Скопје. Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.10 (09.20) часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.05 (12.20) часот.
Саатници  на авиони
•              FZ 791 / Дубаи (DXB) – Скопје (SKP ) / 09.10 – 12.05 (понеделник и четврток)
•              FZ 792 /Скопје (SKP) – Дубаи (DXB) / 13.05 – 21.05 (понеделник и четврток)
•              FZ 791 / Дубаи ( DXB)  – Скопје ( SKP) / 09.20 – 12.20 сабота
•              FZ 792 / Скопје ( SKP) – Дубаи ( DXB) / 13.30 – 21.20 сабота

Цената вклучува:          
– Повратен авионски билет на релација  Скопје – Дубаи – Скопје со FLYDUBAI ( по лице со 20 кг вклучен чекиран багаж и 7 кг рачен багаж, без оброк)
– Аеродромски такси
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– 4/5/7ноќевања во избраниот хотел на база наведената услуга
– Организација и реализација на патувањето
– Локална асистенција од водич на српски јазик при резервација на ОПЦИОНИ ФАКУЛАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ

Цената НЕ вклучува:
– Виза за Дубаи 90 ЕВРА по лице (вклучувајќи и бебе)
– Опциони индивидуални екскурзии и факултативи (не вклучени во програма – на барање)
– Патничко осигурување
– Екстра трошоци во хотел  ( Телефон,Ручек &Вечера,Минибар,пијалоци )
– Останати индивидуални трошоци
– Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014, Во хотелот на лице место при check in или при check out   и истата изнесува:
* Хотели 5* или повеќе 20 дирхами (20 DHS ≈ 4 EUR) по соба по ноќ
* Хотели 4* / 4* lux 15  дирхами (15 DHS ≈ 3 EUR) по соба по ноќ
* Хотел 3*/3* lux 10 дирхами (10 DHS ≈ 2 EUR)  по соба по ноќ
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.