info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

НОВА  2018 ГОДИНА во ДУБРОВНИК со Дино Мерлин

29.12.2017 – 02.01.2018(5 дена / 2 ноќевања)

 

 

1 ден (29.12.2017- петок) – СКОПЈЕ – ДУБРОВНИК           

Состанок на групата во вечерните часови во Скопје и тргнување за Хрватска. Се патува преку граничниот премин Блаце, Косово, Албанија и Црна Гора. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (30.12.2017- сабота) – БУДВА  – ДУБРОВНИК

Пристигнување во предпладневните часови во Будва. Следува неколку часовен одмор (во договор со представникот од агенцијата) Можност за индивидуални прошетки, кафе пауза во централниот дел на Будва. Во договорено време се упатуваме кон Дубровник. Пристигнување во Дубровник. Сместување во хотел.Време за одмор и индивидуални прошетки.Ноќевање.

 

3 ден (31.12.2017 – недела) – ДУБРОВНИК  –***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2018***

Појадок.По појадокот организиран разглед на Дубровник – град музеј, еден од најубавите на Балканот, градот на Унеско. Страдун со Орландовиот столб и Онофиевата чешма, Катедралата, најстарата аптека , Палатата Спонза, Кнежевиот Двор, Барокната црква Св. Влахо, Катедралата – Вознесението на Марија, кулата Минчета, тврдината Ловренац.Слободно време за индивидуални активности, шопинг и подготовки за новогодишната ноќ. Вечерта препорачуваме дочек на Нова Година на плоштадот Страдун каде следи богата забавна програма со балканската мега звезда Дино Мерлин. Ноќевање.

4 ден (01.01.2018 – понеделник) – БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Тргнување за Скопје со попатна обиколка на заливот во Бока Которска, најужниот фјодор во Европа и едно од најубавите места на Јадранот. Длабокиот залив со тенка крајбрежна линија над која се надвиснати високи планини и со низа поголеми и помали градови: Котор со Катедралата Св. Трипун, Рисан, Перас, Прчањ, Доброта. Заминување во вечерните часови кон Скопје.

 5 ден (02.01.2018 – вторник) СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2017 –  125€ (7.750 ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2017 –  135€ (8.370ден.)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО

  • Превоз со  автобус на дадените дестинации,
  • Сместување во хотел 3* во Дубровник или околина, на база 2 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Дубровник со локален водич
  • Попатна посета на Будва и Бока Которска
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето,
  • Организација и реализација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезници за музеи и културно – историски споменици
  • Патничко осигурување