info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

НОВА 2018 година Истанбул

Истанбул е единствен град во светот сместен на два континента. Европа и Азија, чија историја започнува пред 2600 години. Истанбул ги чува скапоцените богатства на трите империи на кои некогаш им бил главен град.

1 ден 29.12.2017 Поагање на групата во 20.00 часот од пред агенција Бран, патот води преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.

2 ден 30.12.2017 Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: Патријаршијата, мостот Галата, Султанахмед (Сината) џамија, хиподромот, плоштадот Таксим со споменикот на Ататурк, потоа преку мостовите на Босфорот посета на азискиот дел Чамлиџе од каде има најубава панорама на Истанбул. Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетка и шопинг низ прочуените Капали и Аксарај чаршија. Ноќевање.

3 ден 31.12.2017 Појадок. По појадокот Факултативна посета со локален водич на палатата Долма Бахче-последна резиденција на Отоманската Империја, како и време за индивидуални посети на Топ Капи палатата и Аја Софија….Вечерта факултативен дочек на новата 2018 посета во национален ресторан со програма и мени на турската кујна. Нокевање

4 ден 01.01.2018 Појадок. факултативно крстарење со брод со локален водич по Босфорот – со единствена можност за запознавање на палатите од двете страни на каналот и пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа со Азија. Слободно време за индивидуални активности како и можност за посета на трговскиот шопинг центар ФОРУМ. Вечерта поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 02.01.2018 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА: 5900.oo денари

           Во цената е пресметано:

         – автобуски превоз на дадената релација,

– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*

– разгледување на Истанбул со локален водич

– организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

– патничко здравствено осигурување – задолжително – (200 денари)

– свечена новогодишна вечера во национален ресторан – (   еур)

– крстарење со брод по Босфорот – (15 еур)

– факултативна посета на палатата Долма Бахче со водич – (25еур)

– други неспоменати услуги