info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 09 Окт 2018 - 14 Окт 2018
Локација: Kotor
Цена: 135 Еур
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

11-ти Октомври Котор-Дубровник-Острог

 

1 ден: 10.10.2018 Среда Поаѓање за Црна Гора  од Битола на паркингот Спортска сала во 20.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Р.Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 11.10.2018 Четврток Пристигнување во Будва во претпладневните часови (кафе-пауза и фотографирање на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море), заминување за Котор, сместување во хотел 3*. Попладнето прошетка по стариот град и можност за шопинг со како и посета на стариот град Котор (кратка пауза за прошетка по стариот град). Слободна вечер. Ноќевање1.

3 ден: 12.10.2018 Петок По појадокот заминување на целодневен факултативен излет (10 Еур)до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Котор. Ноќевање2.

4 ден: 13.10.2018 Сабота Појадок. По појадокот заминување на излет до манастирот Острог-сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград (основан од митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век со можност да се поклоните на моштите на светецот). Слободно време за негово разгледување. После посетата на манастирот организиран ручек со специјалет јагнешко печење – факултативно. Попладне поаѓање назад за Котор, со попатна посета на Будва и можност за прошетка. Ноќевање3.

5 ден: 14.10.2018 Недела 

Појадок. Заминување за Тирана и организиран разглед на градот со водич. Заминување за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

ЦЕНА: 135 евра (8.370,00 денари) со можност за плаќање на 3 рати

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел во Котор  на база 3 ноќевања со појадок
  • Излет до манастирот Св.Василије Острошки (не е вклучен трансфер со комби до манастирот)
  • Посета на Св.Стефан и Будва
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Влезници за посети
  • Излет до Дубровник со професионален водич 10 Еур
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Ариес