info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 10 Окт 2018 - 14 Окт 2018
Локација: Прага-Виена
Цена: 134 Еур
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

ПРАГА-ВИЕНА

11ти Октомври

1 ДЕН (10.10.’18 – среда) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 08.30 часот. Поаѓање за  Чешката Република во 09.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград,  Будимпешта, Братислава…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (11.10.’18 – четврток) : ПРАГА Пристигнување во Прага во утринските часови – разглед на градот со стручен водич… Карловиот мост, Староградскиот плоштад со надалеку прочуениот астрономски саат Орлој, обиколка на Прашкото гето – еврејскиот кварт со десетина синагоги, Старомјесне намјести, Вацлавске намјести, Народниот музеј, Народниот театар, стариот дворец – Храдчани, монументалната катедрала на Св.Вид со капелата на Св.Венцеслав и гробниците на Чешките кралеви, старата кралска палата, Владиславова сала, базиликата на Св.Ѓорги и Златната улица, чиј изглед е неизменет од XVI век. Премин преку Влтава на Карловиот мост, обиколка на старата кула на мостот и споменикот на Карло IV. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Вечерта – факултативно крстарење со брод по Влтава. Ноќевање.

3 ДЕН (12.10.’18 – петок) : ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ Појадок. По појадокот – факултативен полудневен излет до Карлови Вари со стручен водич, најпозната бања во Средна Европа, место каде престојувале многу европски властодршци, врвни сликари, поети…Враќање во Прага во касните попладневни часови. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан…Ноќевање.

4 ДЕН (13.10.’18 – сабота) : ПРАГА – ВИЕНА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот…поаѓање за Виена во 09.00 часот. Пристигнување во Виена околу 13.00 часот…панорамски разглед на градот…Парламентот, Операта, Рингштрасе, замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), Катедралата Св.Стефан, палатата Белведере, палатата на Правдата, плоштадот на Марија Терезија…факултативна посета на велелепниот замок Шенбрун – летната резиденција на Хабзбурговците (Imperial тура, во која се посетуваат 25-те најубави простории во самиот замок)…слободно време за индивидуален разглед на градот. Поаѓање за Македонија околу 20.00 часот. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори…патот води преку Будимпешта, Белград, Скопје…

5 ДЕН (14.10.’18 – недела) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :           8.290,00 ден. (134 €)

                                                         7.690,00 ден. (124 €) – за УПЛАТА до 15.09.2018 !!!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Виена со стручен водич, 2 НП во Прага, во хотел со 3* (http://www.hotelcechie.cz/cs/o-czechia-prague-hotel-cechie-garni/hotel-cechie-praha-garni/), разглед на Прага со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно – историските споменици, патничкото осигурување 150,00 ден. по лице. ПРАГА – ФАКУЛТАТИВА : Крстарење по Влтава – 15 € по лице – препорака!, Карлови Вари – 25 € (минимум 30 лица) – препорака !, посета на Национален ресторан  – 35 € по лице – препорака ! ВИЕНА – ФАКУЛТАТИВА : Замокот Шенбрун – 25 € по лице – препорака !

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ПОСЛЕДЕН РОК за ПРИЈАВУВАЊЕ : 05.10.2018 !

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. АРИЕС и СКТМ.