info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Локација: Брашов, Букурешт
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

8ми Март Романија

 

 

1.      ДЕН (07.03.201 8 – среда) : БИТОЛА Состанок на г рупата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 14.30 часот. По аѓање за Романија во 15.00 часот. Патот води преку Скопје, Куманово, Крива Паланка, Плевен, Русе…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2.      ДЕН (08.03.2018 – четврток) : СИНАЈА Пристигнување во малото монденско место во подножјето на Трансилванија, во утринските часови. Факултативна посета на еден од најубавите замоци во Европа – кралскиот дворес PELES (1873 год.), кој го изградил првиот (и единствениот) крал на Романија – Карол I, кој потекнува од Германија и го изградил како своја летна резиденција. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор, или индивидуален разглед на најпознатото туристичко место во Романија…вечерта – факултативна вечера со комплетно мени и програма. Ноќевање.

 3.      ДЕН (09.03.2018 – петок) : БРАН – БРАШОВ Појадок. По појадокот – факултативна посета на замокот Бран, каде бил заробен Влашкиот владетел Влад Цепеш – познат како гроф Дракула. Продолжуваме за градот Брашов – музеј на отворено, град заштитен од UNESCO…разглед на старото градско јадро, црквата Biserica Neagra (Црната црква), најголема Готска црква во Југоисточна Европа, плоштадот Свентлуј…враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4.      ДЕН (10.03.2018 – сабота) : СНАГОВ – БУКУРЕШТ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Снагов – посета на островот каде се наоѓа гробот на Дракула. Продолжуваме за Букурешт – панорамски разглед на градот со стручен водич…плоштадот UNIRII, палатата на Победата, палатата KALjA VICTORIREJ, ATHENEUM-от (седиштето на Романската филхармонија), палатата KANTACUSINO, Националниот Историски музеј, домот на Армијата, Парламентот на Романија (втор најголем објект во светот – по Пентагон), Патријаршијата, Триумфалната Капија…слободно време за индивидуален разглед на градот или посета за шопинг во ТЦ AFI Palace или UNIRII. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

5.      ДЕН (11.03.2018 – недела) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :          6.990,00 денари

                                                        6.400.00 денари – за УПЛАТА до 10.02.2018 !!!

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација (организирани трансфери од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово), 2 НП во хотел со 3*, разглед на Букурешт со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, патничкото осигурување – 180,00 ден по лице. ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА : Факултативен излет до Брашов со стручен водич (со посета на замокот Бран) – 20 € по лице (минимум 25 патници), Влезница + стручен водич за PELES замокот – 20,00 € по лице (минимум 25 патници), Свечена вечера со комплетно мени, музика и програма – 20 € по лице.

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 25.02.2018

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. АРИЕС и СКТМ