info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 10 Мар 2018 - 11 Фев 2018
Локација: Saranda, Albanija
Цена: 70 Еур
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

8ми Март

Саранда-Бутринти-Јанина-Мецово

Програма: Автобус / 2 дена – бус/ 1 ноќевање со појадок + СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА

1 ден: 10.03.2018 Сабота/(Битола) – Јанина – Саранда

Состанок на групата на Спортска Сала Битола во 04.30 часот. Поаѓање за Саранда преку Грција  во 05.00 ч. Посета на шопинг центрите во Јанина (Џамбо и Икеа). Заминување за Саранда. Пристигнување во Саранда во попладневните  часови.  Сместување во хотел. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Свечена вечера. Ноќевање 1.

2 ден: 11.03.2018 Недела   Саранда – Бутринти – Јанина

Појадок. Заминување за Грција со попатни паузи за одмор и посета на локалитетот Бутринти кој е под заштита на Унеско. Патот води преку Јанина каде ќе имаме можност за разглед на главниот град на Епир Јанина, како  и Мецово, планинско место со најголема влашка популација во Грција. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Цена на аранжманот: : 70 Еур / 4,340 мкд

Деца 2-12 години 49 Еур. Можност за плаќање на рати со кредитна картица.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Хотелско сместување Саранда 1 ноќевање со појадок http://sarandapalace.com/
  • Свечена вечера
  • Организиран панорамски разглед на Саранда, Бутринти (влезница се плаќа додатно 5 Еур) и Јанина
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Патничко осигурување
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

 

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ариес

Бутринти ( Отрант)

Патувањето низ времето можеби е вообичаено само во книгите со научна фантастика – но прошетките низ античкиот град Бутринт, од Хеленистичиот театар, изграден во 4тиот век п.н.е., до Римската базилика лоцирана само неколку метри подолу, се доволно блиски до тоа.

Бутринт, кој датира од 10тиот век п.н.е., бил грчка колонија, Римски град и Византиска епископија пред да биде напуштен во средниот век, откако неговите величенствени градби потонале во мочуришта.

Лоциран на стрмнина над каналот Вивари, кој го поврзува езерото Бутринт со Јонското море, близу до Албанската јужна граница со Грција, градот е еден од најзначајните класични археолошки наоѓалишта во Медитеранот.

„Фактот дека градот беше ненаселен во модерните времиња, од 16тиот век во времето на Венецијанците, знали дека имаме пример за она што се случувало на Медитеранот во периодот од 2,500 години,“ вели Давид Хернандез, археолог од универзитетот Нотр Дам, кој го истражува Бутринт веќе десет години.

„Она во што гледаме не е само Римски форум, иако тоа е централниот комплекс, туку и Медитеранот во овој временски период,“ додава тој, додека стои на работ од новото ископување каде рушевините од новопронајдената градба наѕираат на површината.

Ископувањата во Бутринт почнаа во доцните 1920ти години, под покровителство на италијанскиот археолог Луиџи Мариа Уголини.

Сеуште непознат на надворешниот свет пред падот на сталинстичкиот режим на Енвер Хоџа, Бутринт бил прогласен за Светско Наследство заштитено од УНЕСКО во 1992.