info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 07 Сеп 2018 - 10 Сеп 2018
Локација: Лефкада-Кефалонија
Цена: 139 Eur
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

 

8 ми Септември на Кефалонија и Јонско море

Лефкада – Кефалонија

3 ноќи /Дена автобус

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 4 дена. Лефкада и Кефалонија  со причина ги нарекуваат островите  на  боите: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името Лефкада; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја…

1 ден 07.09.2018 – Петок ( Битола – Јанина – Лефкада – Кефалонија)

Состанок на групата во 03,30 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Лефкада во 04:00 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување.  Пристигнување во Нидри на  Лефкада во пладневните часови.  Можност за кратка пауза за  разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани додека се качиме на брод за Кефалонија. Пристигнување на Фискардо (Кефалонија) после час и половина патување со брод покрај Итака и прекрасни сцени од јoнските острови и магичното море.  Патувањето продолжува до Аргостоли каде се сместуваме во хотел 3*. Вечерта организирана прошетка до Аргостоли. Враќање во хотел. Ноќевање 1.

2 ден 08.09,2018 Сабота ( Кефалонија  – разглед на јужниот дел на островот  )

Појадок. Заминување на  организиран разглед  со водич на островот од неговите две страни , со прекрасната природа, надалеку прочуените плажи и крајбрежја, како и запознавање со богатата историја на островот кој ја дели судбината на повеќето острови од јонскиот архипелаг. Можност за ручек во рибен ресторан-таверна. Враќање во Ператата. Слободно време за одмор, прошетка и плажа. Вечерта можност за организирана Грчка вечер со вечера, бесплатно вино, како и запознавање со фолклорот на Кефалонија низ игри и танци – факултативно 25 Еур. Ноќевање 2.

 

3 ден 09.09,2018 Недела (Кефалонија – крстарење )

Појадок. Островот кој те фасцинира од првиот  момент кога ќе стигнеш. Придружете ни се да откриеме голем дел од Кефалонија што можете само да го запознаете и да го изуживате само со брод. Придружете ни се на нашето патување од плажа до плажа од Скала до Фискардо,   да уживате во магијата на природата во сите нејзини граници, по овој пат. Ја знаете изреката “Сликата вреди илјада зборови”? Плажата Макриа и познатата Плава Лагуна, плажата Кутсупија (мини Миртос), плажата Антисамос,  Сами, Горготас и уште неколку незаборавни глетки кои ќе ви останат врежани уште долго во сеќавање. (Факултативно 30 Еур). Ноќевање 3.

4 ден 10.09,2018 Понеделник  (Кефалониаја – Лефкада –  Јанина – Битола)

Појадок. Заминување кон Лефкада и можност да се разгледа Лефкас  прекрасното приморско гратче со амбиентална медитеранска убавина. Заминување кон Јанина и посета на маркетите Џамбо и Икеа. Заминување за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Цена: 139 Еур/ 8.618 мкд во 1/2 , 1/3 соби

за уплата до 15 Август  125 Еур/ 7.756, 00 денари

со можност за плаќање на 6 рати со кредитна картичка

Деца 2-12 години со 2 возрасни 4900 денари. Сопствен превоз – 99 Еур.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски и бродски  превоз на наведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* http://www.hotelionis.gr/
  • Водич на Кефалонија и Лефкада
  • Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети и влезници
  • Крстарење  со брод 30 Еур
  • Грчkа вечер со комплетно мени, неограничено вино, музика и танци 25 Еур
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Поаѓање од останати градови 10 Еур повратен трансфер
  • Време на поаѓање од останати градови:
  • 01:00 h Скопје (Дрводекор)
    01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
    12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
    02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
    03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
    04:00 h Битола (Пред спортска Сала)
    03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
    02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
    02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
    02:15 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Важат Општите услови на патување на СКТМ и ТА Ариес.