info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Санкт Петербург

 

Авион/ 5 дена/ 4 ноќевања

11. Јуни (Недела) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ – САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Полетување за Загреб во 05.45. По пристигнувањето во 07:00 часот, слободно време за утринско кафе и прошетка во Загреб, со организиран превоз. Полетување во 14:20 и пристигнување во Санкт Петербург во 18.00 часот (локално време). Организиран трансфер од аеродромот до хотелот со запознавање со Санкт Петербург, царскиот град со величествени палати и музеи. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.

12. Јуни (Понеделник) САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни… Посета на Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, а, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Можност за крстарење со брод по реката Нева, со восхитувачки глетки кон архитектурата на градот. Ноќевање.

13. Јуни (Вторник) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ

Појадок. Препорачуваме посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата (превоз со метро). Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се изложени околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо… Препорачуваме посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање.

14. Јуни (Среда) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ПЕТЕРГОФ

Препорачуваме посета на фантастичниот Петергоф, со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Ноќевање.

15. Јуни (Четврток) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЦАРСКО СЕЛО – ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна прошетка до летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин. Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, завршена е обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Организиран трансфер до Аеродромот во Санкт Петербург. Полетување за Скопје преку Загреб во 18.50 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 23.15 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

51.500 денари

Цената на аранжманот вклучува:

– Авионски превоз на релацијата Скопје – Загреб – Санкт Петербург – Загреб – Скопје со вклучени аеродромски такси

– Рачен багаж (ташна и 1 торба со вкупни димензии 115 см до 8 кг) и багаж за чекирање до 23 kg

– Трансфери во Санкт Петербург од аеродромот до хотелот и обратно

– Сместување во Хотел Moscow 4* во Санкт Петербург (www.hotel-moscow.ru) на база 4 ноќевања со појадок во двокреветни соби и 1 вечера

– Организиран разглед на Санкт Петербург

– Прошетки според програмата со вклучени влезници, превоз и водич

Петропавловска тврдина, Ермитаж, Петродворец Петергоф, Царско Село Пушкин

– Туристичка виза на Руската Федерација

– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

– Доплата за вечера во хотелот 18 евра на ден

– Крстарење со брод по Нева

– Карти за театарска претстава и карти за локален превоз (метро)

– Патничко-здравствено осигурување 300 денари

 

НАПОМЕНИ:

-За реализација на аранжманот е потребен минимум од 10 патници

-За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.