info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Дебарски бањи

debar8

Уште од кога човештвото почна да живее на земјата, водата имаше витално значење за нашето здравје и благосостојба. Над 60% од нашето тело се состои од вода. Секоја клетка на нашето тело содржи течност која е составена воглавно од вода а истата е заштитена со надворешен слој кој, исто така, содржи вода. Секој орган и секој процес во нашето тело бара вода за да функционира правилно.Дебарскиот регион е богат со разни термо-минерални води кои се сместени во селата Бањиште и Косоврасти каде денеска се наоѓат и две модерни бањски центри под истите имиња. Иако постојат многу легенди за овие извори, најстарото сведоштво за постоењето на балнеотерапијата во овој регион се двете антички базени во Бањиште. Тие биле изградени во 1797 година од Хаџи Муџeдин, син на Нуман Ефенди, членови на старата Оручи Заде Дебарска фамилијата од 1010 годинa. Овие базени се неодамна реновирани и може да бидат посетени од страна на нашите клиенти.Дебарските Бањи се основани на 21 Февруари 1948 година, како бањски рекреативен центар најдобар во бившата Југославија, чиј врати беа отворени само за политичарите, армиски генерали и високата класа на општеството. Тврдењата дека овие бањи беа најдобри се потврдија во 70-тите години на минатиот век, кога Дебарскиот регион беше посетено од експертски тим состоен од лекари, геолози и физичари од Франција и Германија. Извештаи од научните студии кои беа спроведени, истакнаа дека термо-минералните води во градот Дебар, содржат околу 4 грама на разни минерали во 1 литар вода, количина која уште ден денес ја нема ниту еден друг термо-минерален извор во Европа. Минералната структура е уникатна, а водата е класифицирана како најлековита во овој континент.

Нова ера за Дебарските Бањи почна на 15 Октомври 2004 година, кога семејството Цапа на берза ги купи акциите на оваа компанија. Ова сензационална вест ги покри сите македонски медиуми, бидејќи беше првата приватизирана компанија за кои новиот газда плаќаше милионска сума. Новите сопственици веднаш почнаа интезивно да работат на модернизација на бањските центри Бањиште и Косоврасти, чиј изглед беше рушен во последните години.

Инвестициите го достигнаа својот врв во 2012 година, со над 1 милион евра за реновирање на 72 соби во Бањиште, 48 соби Косоврасти, 14 соби во хотел Венец и сите простории каде се нудат медицинските услуги. Сето ова кулминираше со прво место на наградите “SPA Nominations” Македонија, во категорија BALNEO, како и со прогласувње на Г-ѓа Цапа како една од 10-те најдобри жени менаџери во Македонија за 2012-та година.

Денеска во Дебарските бањи имаат над 190 вработени кои се гризат за нашите клиенти, и над 20 привремено се вработуваат за време на летната сезона.

Период број на денови Цена по лице 6 полни пансиони
доплата за преглед еднократно
24.04-30.04 6 168 20
30.04-06.05 6 168 20
06.05-12.05 6 168 20
12.05-18.05 6 168 20
18.05-24.05 6 168 20
24.05-05.06 6 168 20

Пакетот вклучува:

Сместување со Полн Пaнсион

Лекарски преглед (задолжителен за користење на третманите кои ги нудиме)

Сите третмани препишани од лекарот за време на прегледот

  • хидротерапија-Базани со термо-минерална вода, (07:00-18:00)
  • фанготерапија-терапија со кал, (07:00-14:00)
  • електротерапија-ТЕНС, ултра звучна, инфра црвена, вакум, електро стимулации…(07:00-14:00)
  • кинеси терапија (07:00-14:00)

Користење на парната бања и сауната (15:00-21:00)

Сместување во двокреветни и трокреветни соби.

Доплата за еднокреветно сместување +50%.

Секое дополнителни ноќевање си доплаќа 1460 мкд, минимум 2 ноќевања.

Сместувањето за деца од 0-6 години бесплатно, 6-12 50% од редовната цена на возрасни, 12+ 100% од цената за возрасни.

 

debar2Зошто нашите бањи се најдобри?

      • Вековна традиција и над 65 години искусво во бизнисот
      • 100% природни и уникатни тремани
      • На ваше располагање се над 190 вработени
      • Модерни сместувачки капацитети
      • Над 20 000 клиенти годишно ги користат нашите услуги

Бог ги благословил термо-минералните води на Дебарски Бањи и им подарил оптимална температура како и разни корисни минерали за човековото тело сурлфур, магнезиум, натриум, калиум, калциум идр. Температурата на водата изнесува 39°C во Бањиште и Косоврасти 41 °C, таа се нуди 100% природна и не се лади или догрева како што прават другите бањи. Таа исто така е многу богата со негативни јони и спаѓа во категоријата “Alive Waters”, води кои “даруваат живот” и имаат магични способности за лекување на разни болести.Нашиот тим моментално брои над 40 физиотерапевти кои се под надзор на 6 специјализирани лекари. Секоја година се додаваат млади членови, со амбиции и нови знаења во областа на медицината. Нивната мисија е да обезбедат професионална медицинска нега со цел да лекуваат или спречуваат одредена болест. Балнеотерапијата не се препорачува само за болни и стари клиенти, нашите бањи во последно време се посетени од страна на помладата генерација која е свесна дека полесно е да се спречи една болест отколку да се лекува.И освен тоа со брзата динамика на секојдневниот живот, младите се повеќе се жалат на болки на грбот, рамото и екстремитетите.ХидротерапијаФанготерапијаЕлектротерапијаФототерапијаКинеситерапијаМасажаСаунаВоздушна терапијаХидротерапијаКористењето на термо-минералните базени во интервал од 5-20 минути, во зависност од препораката на лекарот, му овозможува на телото да ги апсорбира минералите од самата вода преку кожата или инхалација на пареата. Сето ова има терапевтски ефект, бидејќи промена на температурата на телото го забрзува функционирањето на срцето, имунитарниот систем, циркулацијата на крвта, дигестивниот систем и им помага на мускулите и кожата.Кај клиентите кои се соочуват со проблеми на дигестивниот систем, бубрезите и уринарниот систем, водата се препорачува да се конзумира, но може да го консумират и здрави лица.

Fango terapiaФанготерапија
Овој третман користи минерален кал со вулканско потекло, кој при допир со телото ја чисти и ривитализира кожата. Освен релаксирачкиот ефект, оваa терапија ќе ги исфрли токсичните супстанции од организмот, ги намалува мускулните контракции и болки, и се препорачува за лекување на остео-артритис и кожни болести.

Електротерапија
Поседуваме најмодерени уреди за електротерапија, кои се користат за мускулна релаксација и рехабилитација, подобрување на крвната циркулација, подобрување и зголемување на обемот на движење, управување со хронични боли како и пост трауми и пост хируршки зафати. Ги нудиме овие видови на електротерапија:

  • Ултра звучна
  • Магнет
  • Вакум
  • Интерферентни струји
  • ТЕНС
  • Диадинамична
  • Галванска електро стимулација

Фототерапија
Фототерапијата е форма на аплицирање на светлосна енергија во одредени делови на човековото тело за терапеутски цели. Овој третман веќе долго време се користи за намалување на болки, го подобрува расположението и спиењето, а се препорачува кај клиенти со псориаза и за лекување на рани. Ние ги применуваме следните видови на фототерапија:

  • Терапија со ласер
  • Инфра црвена и
  • Ултра виолетова

Кинеситерапија
Вежбите под надзор на специјализирани физиотерапевти се еден од главните методи на рехабилитација. Кинеситерапија се применува веднаш штом ќе се нормализира здравствената состојба на клиентот, за полесно да му се компензираат изгубените способности на движење како и да се избегне ризикот од дополнителни компликации. Вежбите кои се применуваат се следните:
Duke bere kinesi terapi

  • Пасивни
  • Пасивни функционални
  • Активни
  • Со отпор
  • Со тежина
  • Со влечење
  • Техники на дишење
  • Техники за релаксација
  • Ортостатични и учење на техники на одење

Масажа
Масажата ќе ви помогнe де го отстраните стресот и да го релаксирате целото тело. Кога телото е опуштенo, тогаш се стимулира производството на ендрофинот, кои е инаку познат како хормон на “радоста”. Ендорфинот создава добро расположение а со тоа помага при намалување на болките како и ја намалува потребата за користење на лекови. Ги нудиме следните видови на масажи:

  • За релаксација
  • Рефлексна
  • Спортска
  • Шведска
  • За парови
  • За екстремитети (раце и нозе)
  • Пренатална

Сауна
Зголемената телесна температура го поттикнува организмот на бурна реакција, при која се генерираат бели крвни зрнца, се зајакнува циркулацијата и имунитетот и затоа позитивно влијае на здравјето на срцето и крвните садови. Поради фактот што телото опкружено со врел воздух силно се поти, сауната добро ги чисти порите, ги исфрлa токсичните субстанци од телото и помага во борбата против целулитот и прекумерната телесна тежина.

Natyra BanjishtВоздушна терапија
Сместен во планинска област богата со вегетација, која е позната за неговиот чист воздух со ниско ниво на загаденост, го прават Бањиште вистинско рај за клиенти со проблеми со алергии и дишните патишта. Косоврасти сместен покрај Дебарското езеро и канјонот на река Радикa, опкружен со високи карпи, нуди сосема друг амбиент на сместување. Прошетките на природата засекогаш ќе останат на вашите спомени.

 

Ефектите на бањското лекување

Дебарските Бањи Цапа се регистрирани како овластена приватна здравствена установа за бањско лекување и физикална терапија, единствена од бањите кои ги исполнува сите услови од страна на Министерството за Здравство. Ние имаме договор и со Фондит за Здравствено Осигурување, и сите осигуреници можат да ги користат улугите на нашите бањи Баниште и Косоврасти (термал), во товар на ФЗО.Дебарските Бањи се препорачуваат за лекување на следните болести:

Заболувања на локомоторен апарат

artritis

  • Хронични запаливи ревматични заболувања
  • Хронични ревматични полиартритис
  • Анкилозантен спондилитис
  • Ревматичен артритис
  • Други серонегативни артрити
  • Спондилоартрози
  • Заболување на меките ткива:
  • Периартрити
  • Тендинити
  • Миозити
  • Мускулни атрофии
  • Карпал тунел
  • Склеродермија

Заболувања на нервниот систем

  • Заболувања на периферен нервен систем
  • Синдром на брахиален плексус
  • Лумбосакралнарадикулопатија
  • Парализа на фациален нерв
  • Полирадикулонеурити
  • Рехабилитација на невролошкиот дефицит после цереброваскуларни инсуити
  • Демијелизирани заболувања (Мултипна склероза)
  • Паркисиова болест
  • Церебрална парализа
  • Спиноцеребеларна атаксиа (Фриедерихова болест)

Заболувања на гастро-интестиналниот систем

  • Хроничен атрофицен гастритис
  • Гастропуоденален чир (гастродуоденален улцус)
  • Гастро-есофагална регургитација
  • Заболувања на жолчното кесе и жолчните канали (choleythiasis)
  • Запаление на слузницата на дебело црево (Colitis chronica)
  • Долготраен запек (Опстипација)

Заболувања на респираторниот систем

  • Хроничен бронхитис
  • Бронхиална астма
  • Заболувања на горните дишни патишта:
  • Синуси
  • Ринити
  • Фарингити
  • Ларингити

Заболувања на уро-гентиналниот систен

  • Хронични запаливи заболувања на бубрезите и бубрезните патишта
  • Песок во бубрезите и мокрачните канали (Nephrolithiasis)
  • Запаливи заболувања на гениталните органи:
  • Вафинитис
  • Цервицитис
  • Ендометритис
  • Овариална инсуфициенција
  • Примарен и секондарен женски стерилитет

Ендокрини заболувања

Дебелина (Obesitas)
Хиперѕрикемиа

Ортопедски заболувања и состојби после трауми

Рехабилитација после политрауми
Рехабилитација на фрактури
Луксации и сублуксации
Рехабилитација на пост трауматични контрактури
Пред и после оперативни дископатии

Кожни заболувања

elektroterapia ultratinguj
Ецземи
Псориазa
Кожни инфекции:
Дерматити
Цанлидиази
Тинеа Версиколор
Херпес Симплекс
Херпес зоостер
Акни

Кожни болести

И покрај тоа што во денешно време се постигнати врвни резултати за третманот на кожните болести, сепак балнеотерапијата останува една од најдобрите и најсигурните опции. Но овде треба да се спомнува дека мал број на термо-минерални води во светот може да ги исполнуваат хемиските својства за третирање на овие болести, бидејќи бањите со големо количество на сумпор и хипотонична вода делуваат за лечење на кожните болести.

На овој контекст Дебарските Бањи – Цапа располагаат со термо-минерални води што на перфектен начин помагаат за лечење на многу врсти на кожни болести како што се:
Псориaза
Екзема
Дерматомукоза идр.

Посебни успеси се постигнати нарочито кај болестите на псориаза . Псориазата е хронична болест, непренослива, инфламација (запаление) на кожата што се карактеризира со црвенило на зони покриени со бели лушпи. Еден до три посто од светската популација се болни од псориаза а со поголемо темпо во Европа и Северна Америка. Повеќе е изразена кај возраста од 15 до 45 години.

Хипотоничната вода и големата содржина на сумпорот овозможува овој балнеолошки центар да биде еден од најпрочуените не само во регионот туку и пошироко. Научните студии покажуваат за големо анти-фламаторно дејство на овие сумпорни води за псориазна болест. Пациентите што се третирани во Дебарските бањи за псориазните болести имале видно подобрување и стабилизирање на симптомите. Вреди да се истакне и тоа дека сме забележиле намалување на болните површини од псориаза и намалување на активитетот на болеста.

Овие два параметри што се спомнати погоре се важен показател што се применуваат во целиот свет во врска со псориазната болест. Во хистолошките егзаминации после завршување на балнеотерапијата е приметено намалување на имунитетните клетки и на некој токсични супстанци што се база за развивање на псориазата.
Др. Аритон Маќелара

Болести на нервниот систем

Термо-минералните води на Дебарските Бањи – Цапа се хипертермални, радиоактивни, богати со олиго-елементи, и оваа содржина на водата со физичките ( термички и механички ) и хемиските својства овозможува да имаат лековити ефекти на разни болести, речиси на сите системи на организмот а освен тоа има и превентивни ефекти и помага за чување на едно здраво тело. Во неврологија има куративен ефект кај многу функционални и органски болести и тоа во акутни и хронични фази. .

Во многу случаеви освен термо-минералните води се користат и додатни терапии како: медикаменти терапии, физикална терапија ( електро, мануелни масажи ) и климатска терапија .

Механизмот на делување консистира на температурата и хемискиот состав на водата. Високите температури и апсорбирањето на хемиските елементи на водата) донесуваат до зголемување на циркулацијата на крвта на целиот организам почнувајќи од кожата, ткивата, подкожата, мускулите, внатрешните органи ; а оваа делува исто така на зголемување на дишењето и поттикнување на потта , зголемување на работата на срцето, и сите заедно делуваат за подобрување на функционалноста на организмот и зголемување на одбрамбената (имунитетна) способност .

Најчести органски болести се болести на периферен нервен систем како последица од различни трауми, инфламаторни (запалења) , компресии (стегнувања) со што доага до делумно прекинување (парези) или потешко оштетување (парализа) на тој нерв. Исто така чести случаевите кои ние ги лечиме се оштетувањата на нервниот ишијас, разни инфламаторни оштетувања како радикулите и васкуларните аксиденти или мозочните инфаркти што се последица од физички оштетувања при различни судари кои создаваат инвалидитет (хемипареза или хемиплегит). Во нервните влакна на парализираните мускули делува позитивно зголемувајќи ја функцијата, се намалува инфламацијата на нервните влакна или на атрофираните нерви и на истите им помага да се вратат во функција.

Др. Спец. Мубера Ќемали

Болести на локомоторниот систем

Локомоторниот систем е доста важен дел во организмот што ги овозможува функциите на движење, задржување стабилност на телото и неговото координирање. Болките што се создаваат од овој систем се страшни но многу е потешко ако се замисли дека не можеш да живееш еден нормален живот ако овој систем не функционира како што треба.

Целта на оваа референца е како делуваат термо-минералните води со термичките, хемијските и механичките ефекти кај ревматските болести. Термо-минералните води делуваат во реактивирање на оштетените функции на движење како што се компликации (проблеми) кај кичмата , компликации на контрактурите, анкилозите и мускулните атрофии. Термо-минералните води на Дебарските Бањи – Цапа имаат доста висока содржина на сумпор која е доста важна за кичмената капсула (артикуларе), апсорбирањето на сумпорот ја прави по мека за колебење. Сумпорот во телото не може да се земе со разни таблети или преку инекцијам туку единствен начин е да се зема преку кожата впвивајќи (апсорбирајќи) го тоа од термо-минералната вода. Нормално кај нас се препорачува од 10 – 15 дена лечење во нашиот бањски центар.

Се разбира освен термо-минералните води нашите пациенти ќе користат и мануелни масажи, разни физикална терапии како и фанготерапија која доста успешно делува и се нуди само кај нас.

Др. Спец. Латиф Дика