info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 12 Јан 2018 - 17 Јан 2018
Локација: Zagreb, Hrvatska
Цена: 269 Eur
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ – ЗАГРЕБ 2018

1 ден 12.01.2018 Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово
Состанок на групата на паркинг во 19:30 пред Спортската сала Младост во Битола.
Поаѓање во 20:00 ч. со попатно застанување во Прилеп, Велес, Скопје и заминување кон Загреб.
Патување преку граничниот премин Табановцe, гранични формалности. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден 13.01.2018 Македонија-Загреб
Планирано пристигнување околу пладне и сместување во хостел.
Слободно време до заминување за посета на натпреварите.
Организирано поаѓање од хостелот кон спортската сала во договор со пратителот на групата.
Следење на натпреварите:
17 : 30 – Германија – Црна Гора
19 : 30 – Македонија – Словенија
По натпреварот слободно време за индивидуални активности или организирана забава во фан зоната.
Враќање во хостелот. Ноќевање.

3 ден 14.01.2018 Загреб – Крапинске Топлице – Загреб
Слободен ден или факултативно посета на Крапинске Топлице (воден парк Aquae Vivae).
Доцна попладне враќање во Загреб. Слободно време. Ноќевање.

4 ден 15.01.2018 Загреб
Слободно време или факултативно организиран разглед на Загреб со локален туристички водич. Враќање во хостелот.
Организирано поаѓање од хостелот кон спортската сала во договор со пратителот на групата.
Следење на натпреварите:
18 : 00 – Словенија – Германија
20 : 30 – Црна Гора – Македонија
По натпреварот слободно време за индивидуални активности или организирана забава во фан зоната. Враќање во хостелот. Ноќевање.

5 ден 16.01.2018 Загреб – Терме Тухељ – Загреб
Слободен ден или факултативно организирана посета на Терме Тухељ (извор и базен со топла минерална вода 31-33 °С на отворено).
Можност за капење. Доцна попладне враќање во Загреб. Слободно време. Ноќевање.

6 ден 17.01.2018 Загреб – Македонија
Слободно време за индивидувални активности. Напуштање на собите до 12:00 ч.
Организирано поаѓање од хостелот кон спортската сала во договор со пратителот на групата.
Следење на натпреварите:
18:00 – Германија – Македонија
20:30 – Црна Гора – Словенија
По натпреварот заминување кон Македонија. Ноќно возење. Царински формалности, попатни одмори.
Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Цена 269 € / 16.680 мкд
Цена 299 € / 18.540 мкд

10 евра попуст за уплата до 01.12.2017

Цената 269 евра е за билети за секција CAT 2 (позади гол)
Цената 299 евра е за дел билети за секција CAT 3 (само за натпреварите за ден 15.01.18 останатите два натпревари се следат од секција CAT 2 -позади гол)

Во цената Е вклучено :
· Превоз со туристички автобус
· Сместување во хостел во центарот на Загреб (http://www.chillout-hostel-zagreb.com)
· 4 ноќевања (без појадок, сместување во повеќекреветни соби)
· Блок влезници за натпревари (според програмата)
· Пратител на групата за времетраењето на аранжманот
· Организација на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
· Патничко осигурување 200 ден (задолжително)
· Храна, пијалоци
· Лични трошоци на патникот

Факултативни излети и разгледи:
· Посета 10€, капење во Терме Тухељ 8€ (минимум 20 патници) 14.01.2018
· Разглед на Загреб со професионален водич – 10€ (минимум 20 патници) 15.01.2018
· Посета 10€, капење во Крапинске Топлице 8€ (минимум 20 патници) 16.01.2018

Инфо за факултативите:
Терме Тухељ (извор и базен со термална вода – на отворено)
Крапинске Топлице (воден парк Aquae Vivae – затворен)

Информација за попатните застанувања по градови во Македонија:
· Прилеп: бензиска пумпа Лукоил 20:30
· Велес: бензиска пумпа Макпетрол 22:00
· Скопје: паркинг пред хотел Континентал 23:00
· Куманово: бензиска пумпа Макпетрол 23:30

Доплати за повратен трансфер од други градови:
· Кичево, Струга, Охрид , Кавадарци, Тетово, Гостивар, Струмица Штип, Кочани – 10€
· Прилеп, Велес, Скопје, Куманово – бесплатно

За сопствен превоз цената се намалува за 20 € по патник.

НАПОМЕНИ !
Билетите за натпреварите можете да си ги подигнете од агенцијата 20 дена пред патувањето.
За патувањето патникот е должен да поседува валидна патна исправа и да ги исполнува условите за патување во Европска Унија. Агенцијата не е надлежна да ја проверува исправноста на патните документи на патникот.
За валидна резервација ќе се смета писмен документ или 30% уплата со точни податоци: име и презиме, број на пасош, дата на раѓање, адреса на живеење.
Доплата на аранжманот 20 дена пред датата на патувањето.
За недолично, непристојно и некултурно однесување на патникот во автобусот, на гранични премини, во спортската сала, во хостелот, на факултативните екскурзии и воопшто за цело време на аранжманот и евентуални санкции се на трошок и одговорност на самиот патник.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма.
За реализација на патувањето потребен е минимален број пријавени 45 патници.
За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А. Aриес