info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 08 Мар 2018 - 10 Мар 2018
Локација: Истанбул, Турција
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

8ми Март ИСТАНБУЛ

 

 

1 ден (08.03.2018) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг… ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

2 ден (09.03.2018) : ИСТАНБУЛ Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Автобуски панорaмски разглед на градот со локален водич. Околу пладне – сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија. Слободно време за одмор, шопинг, прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (10.03.2018) : ИСТАНБУЛ Појадок. По појадокот – факултативна посета на Аја Софија (Света Софија), едно од најмонументалните зданија на Христијанската вера, конструирана како базилика во VI-от век од Царот Јустинијан. Факултативна посета на Топ Капи – Палатата на султаните, заедно со ризницата, посета на Сината џамија – едно од најголемите архитектонски чуда, позната по нејзините 6 уникатни минариња изградени во името на султанот Ахмет, како и Хиподромот. Враќање во хотелот. Слободно време за одмор. Вечерта факултативна посета на Национален ресторан со комплетно мени и програма. Ноќевање.

4 ден (11.03.2018) : ИСТАНБУЛ Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Посета на Цариградската Патријаршија. Поаѓање за Битола во попладневните часови.

5 ден (12.03.2018) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во утринските часови.

Цена на аранжманот : 5.840,00 мкд (95 еур)
За резервација и уплата до 20.02.2018 цена 5.270 мкд (85 еур)

Цената на аранжманот вклучува : Автобуски превоз на горенаведената релација, 2 ноќевања со појадок во Viva deluxe 4* (или сличен), Панорамски разглед на градот со стручен водич од автобус, Посета на Цариградската Патријаршија, Посета на трговски центар Venezia Mega Outlet, организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената на аранжманот НЕ вклучува : Аја Софија заедно со Топ Капи Палатата и нејзината ризница (влезница со стручен водич + слушалки за Аја Софија кои се задолжителни) + Сината Џамија + Хиподром  35€ по лице, Крстарењето со брод по Босфор 15€, Патничко осигурување

Напомена : Т.А.ПАЛАС го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр : застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Организаторот не е надлежен да ја цени исправноста на патните документи. Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот. Сместувањето е во двокреветни или трикреветни соби. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!!!

Со оваа програма важат Општите услови на Т. А. AРИЕС

Локација на хотел Viva deluxe 4*

Cagaloglu Hamami – 0.3 km
Istanbul Archaeology Museum – 0.5 km
New Mosque – 0.5 km
Basilica Cistern – 0.5 km
Topkapi Palace – 0.6 km
Gulhane Park – 0.6 km
Hagia Sophia – 0.6 km
Grand Bazaar – 0.6 km
Spice Bazaar – 0.7 km
Galata Bridge – 0.7 km
Cemberlitas Bath – 0.7 km
German Fountain – 0.7 km
Sultanahmet Square – 0.7 km
Rustem Pasha Mosque – 0.8 km
Hippodrome – 0.9 km