info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 07 Дек 2017 - 11 Дек 2017
Локација:
Цена: 5.190 денари
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

 

Истанбул Св.Климент

 

1. ДЕН (07.12.2017 – четврток ) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 17.30. Поаѓање за Турција во 18.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг…ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.
2. ДЕН (08.12.2017 – петок) : ИСТАНБУЛ Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со професионален водич…Таксим, Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулејмание, Чамлиџе, Топ Капи Палатата, Хиподромот, Долмабахче сарајот, Фенербахче, Султан Ахмет (сината) џамија, мостовите на Босфор (врската меѓу Азија и Европа) околу пладне – факултативно, посета на највисоката зграда во Истанбул и Европа – SAPPHIRE SEYIRTERASI, од каде Ви се овозможува спектакуларна глетка – панорама врз целиот град……Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта – прошетка низ центарот на Истанбул, посета на плоштадот Таксим, Султан Ахмет – скверот…Ноќевање.
3. ДЕН (09.12.2017 – сабота) : ИСТАНБУЛ Појадок. По појадокот – посета (факултативно) на Аја Софија (Света Софија), едно од најмонументалните зданија на Христијанската вера, конструирана како базилика во VI-от век од Царот Јустинијан. Факултативна посета на Топ Капи – Палатата на султаните, заедно со ризницата, посета на Сината џамија – едно од најголемите архитектонски чуда, позната по нејзините 6-те уникатни минариња изградени во името на султанот Ахмет, како и Хиподромот. Враќање во хотелот во касните попладневни часови. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан со комплетно мени и програма.
Ноќевање.
4. ДЕН (10.12.2017 – недела) : ИСТАНБУЛ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот…факултативно – Ви нудиме крстарење со брод по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. По завршувањето на крстарењето – посета на Цариградската Патријаршија. Заминување за некој од многуте трговски центри. Слободно време за шопинг – до 17.00 часот, кога е и планирано поаѓање за Македонија. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
5 ДЕН (11.12.2017 – понеделник) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 5.190,00 денари

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенавцедената релација, 2 НП во хотел со 3*, разглед на градот со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (180,00 ден. – по лице).

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Аја Софија заедно со Топ Капи Палатата и нејзината ризница (влезница со стручен водич+слушалки за Аја Софија кои се обавезни) – 35 € по лице (препорака), облакодерот SAPHIRE – 15 € по лице, вечера во Национален Ресторан со комплетна програма и мени – 30 € по лице (препорака), крстарењето со брод по Босфор со стручен водич – 15 € по лице (препорака).

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 01.12.2017 !!!

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. АРИЕС и СКТМ.