Ксамил е скриен скапоцен камен, кој се наоѓа на албанската ривиера и сигурно е дека е една од најдобрите приморски дестинации за летен одмор во Европа. Помина доста време откако Европа доби нова туристичка дестинација. Повеќето се класици на кои сме патувале со години, но Ксамил само што почна да добива повеќе посетители во последните години.

Во Ксамил, можете да уживате во рајските плажи кои нудат бел песок и кристално чиста вода со медитеранска клима во текот на целата година.

Ксамил е мало село во јужна Албанија. Ксамил е првенствено познат по своите убави песочни плажи и кристално чисти води. Особено на четирите острови лоцирани недалеку од крајбрежјето. Овие четири острови се ненаселени и до нив доаѓате со брод. Во селото живеат околу 4000-5000 луѓе и туризмот се зголемува со секоја измината година. Сепак, остануваат уште многу изолирани места ако барате мир и тишина при вашиот одмор. Селото, исто така, го има задржано шармот до одреден степен и има многу пријатни мали ресторани со домашна кујна. Хотелите, исто така, не се големи ресорти односно, во најголем дел се семејни хотели.

Вила Бушати

Вила Бушати. Имa трокреветни, трокреветни со помошен лежај (фотелја на отворање), и четвокреветни студиа (се наоѓаат на високо приземје и цената им е иста како и 1/3+1 студиата). Две лица во соба 1/3 имаат 10 евра попуст Од плажа е оддалечена 60 метри, на 150м од слободната плажа каде не се плаќаат лежалки . Студиата […]

Вила Ујвара-Ксамил

Вила Ујвара се наоѓа на 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студиа на спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената), WI-FI. Вилата поседува и базен кој што можите да го користите и бесплатен паркинг. ПРОДОЛЖЕН 10% ПОПУСТ за […]

Вила Клеон- Ксамил, Албанија

Вила КЛЕОН е нова вила која што e во сопствен закуп на  и се наоѓа на само 100 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Pасполага со двокреветни со дополнително легло, трокреветни соби и трокреветни соби со дополнително легло на приземје, со комплетно опремена сопствена кујна, купатило, балкон, […]

Вила Алекс- Ксамил

Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI. 5% попуст за резервација до 30.04.2024 СО УПЛАТА ОД МИНИМУМ 30% ОД ВКУПНАТА СУМА И ДОПЛАТА ДО […]

Вила Мариа- Ксамил, Албанија

Опис на вилата Вила Мариа е лоцирана во Ксамил се наоѓа на 300м од плажа, до плажа има 7мин пешачење, располага со двор и соби на 2 спрата. Собите се лоцирани на приземје, прв и втор кат. Сите соби располагаат со сопствен тоалет, клима (вклучена во цената), кујна опремена со прибор за готвење, фиржидер, тв, балкон, комарници. […]