info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 28 Дек 2017 - 02 Јан 2018
Локација:
Цена: 165 Eur
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

Кушадаси Памукале и Ефес

за Нова Година

28.12.2017 – 02.01.2018

  1. ден (28.12.2017) БИТОЛА / СКОПЈЕ – ЧАНАККАЛЕ
    Поаѓање од Битола пред Спортска сала Младост во 18:00 часот, (попатно Прилеп, Кавадарци, Неготино) поаѓање од Скопје од пред ВИП хотел во 18:30 часот (попатно Велес) попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење. (се патува преку Грција)
  2. ден (29.12.2017) ЧАНАККАЛЕ-КУШАДАСИ
    Пристигнување во Чанаккале во предпладневните часови. Посета на центарот на градот и статуата на Тројанскиот коњ од истоимениот филм поклон на градот од актерот Бред Пит. Можност за кафе пауза – факултативно. Заминување за Кушадаси. По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време. Одмор. Посета на старата чаршија, центарот на Кушадаси. Вечера. Ноќевање.
  3. ден (30.12.2017) КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ-КУШАДАСИ
    Појадок. Заминување за Памуккале (200 км), Белата планина-единствена во светот. Пред пристигнувањето попатно ручек-шведска маса ( без пијалоци ). По пристигнувањето во Памуккале посета на античкиот град Хиераполис, кој е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Основан во вториот век п.н.е. како термално лекувалиште, и е именуван по божицата Хера. Се развива во центар за лекување со термални води. Посета и уживање на памук тврдината – феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C ( можност за капење). По посетата враќање во Кушадаси доцна попладне. Попатно посета на фабрика за текстил и посета на фабрика за изработка на накит (Onix I Sultanite). Вечера. Слободна вечер – факултативно посета на дискотека. Ноќевање.4. ден  (31.12.2017)        КУШАДАСИ-ЕФЕС-КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА-КУШАДАСИ
    Појадок. Околу пладне заминување и посета на куќата на Дева Марија ( каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос) по посетата заминување за Селџук и посета на грандиозниот локалитет Ефес. Враќање во Кушадаси. Слободно време. Свечена Новогодишна вечера (концепт Се Вклучено). Ноќевање.5. ден  (01.01.2018)        КУШАДАСИ-ИЗМИР-МАКЕДОНИЈА 
    Појадок. Околу пладне поаѓањето за Измир. Панорамски разглед на градот од автобус, слободно време за прошетка низ центарот на градот (Konak). Продолжување за Македонија, патување преку Грција, попатни одмори, ноќно возење, царински формалности.6. ден  (02.01.2018)        МАКЕДОНИЈА 
    Пристигнување во Македонија. Крај на програмата.                         

 

              Цена на аранжманот  165 € / 10.200 денари – редовна цена

                                    

(можност за плаќање на рати)

Во цената Е вклучено

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • 3 полупансиони во хотел Surtel 3* – (во центарот на градот)
  • Посета на Чанаккале,
  • Панорамски разглед на Измир од автобус,
  • Придружник на групата
  • Организација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Ефес и Куќата на Дева Марија-со платени влезници и професионален водич 30€ (мин. 25 лица)
  • Факултативна посета на дискотека за Новогодишна вечера
  • Памуккале – со платени влезница и ручек на шведска маса и професионален водич  35€ (мин. 30 лица)
  • Крстарење со брод и ручек  15€ (мин. 20 лица)
  • Доплата за сместување во еднокреветна соба 20€
  • Трансфер од Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид – 10€, Струмица – 5
  • Дискотека (влезница)
  • Национален ресторан – стомачен танц
  • Патничко осигурување –  задолжително.
  • Лични трошоци

НАПОМЕНА!

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на ТА Ариес.

Пасошот мора да е валиден минимум 6 месеци од датумот на враќање во Македонија.