info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Магичната Кина

Шангај – Пекинг

Датум: 27.04.2018 – 05.05.2018

9 дена /6ноќи+авионски превоз+трансфер+екскурзии+претставник

 

 

Ден 1:   27.04.2018         Скопје –Истанбул

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје, два часа пред лет. Полетување од Скопје 20:55 часот, со авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување на аеродромот во Истанбул во 23:30 часот.

Ден 2:   28.04.2018           Истанбул – Шангај

Полетување од Истанбул за Шангај во 01:20 часот Пристигнување на меѓународниот аеродром во Шангај (ShanghaiPudong International Airport) во 16:40 часот, локално време.Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер. Следи вечера во локален ресторан. По вечерата транфер и сместување во хотелот.Ноќевање.

Ден 3:   29.04.2018           Шангај

Појадок. После појадок следи целодневен разглед на градот Шангај (Shanghai City Tour). Разгледот  започнува во утринските часови со посета на Француската концесија(Shanghai French Concession). Француската концесија е подрачје на Шангај, со кое управувала француската влада од 1849 до 1946 година. Авениите и многуте стари куќи во оваа област сè уште го задржуваат шармот на “Париз на Истокот”. Следи посета на градините Yu Garden(Yuyuan Garden), сликовити градини со живописни цвеќиња, декорирани со барокни детали, базени и прекрасна флора, кои се поврзани со пешачки патеки, ходници и премини. Потоа можете да направите шопинг во фабриката за свила каде што можете да го допрете и почувствувате прекрасното наследство од древниот кинески народ.Во попладневните часови, ќе имате можност за шопинг по булеварот Nanjing Road  и Народниот плоштад (People’s Square).Тука можете да најдете бројни ресторани со традиционалнa кинескa храна и продавници  со ракотвроби од стариот Шангај. Се движиме кон исток додека не пристигнеме до Bund, познат крајбрежен кварт. Квартот Bund како обележје на Шангај и најпопуларно место за фотографирање, е совршено место да се фотографирате заедно со вашето семејство и пријатели за да го запаметите овој прекрасен момент..Враќање во хотел или можност за *дополнителен факултативен излет, Крстарење по реката Huangpu. Вечера.Ноќевање.

Ден 4:   30.04.2018           Шангај

Појадок. По појадокот следи трансфер за факултативна посета на градот на вода Zhaojialou Water Village. Лоциран во предградието на Шангај, Zhujiajiao е древен град на вода добро познат низ целата земја, со историја од повеќе од 1700 години. Во попладневните часови следи посета наXin Tiandi, елегантна модерна пешачка улица, која ги поседува историските и културни наследства на градот, спој на древната архитектура на Shikumen куќите, со најновиот модерен архитектектонски стил на градба. XinTiandi се смета за главна туристичка област на Шангај. Низ тесните улички ќе најдете голем број на продавници, кафулиња, ресорани и трговски центри. Потоа следи посета на музејот во Шангај (Shanghai Museum), музеј на античката кинеска уметност, еден од првите модерни кинески музеи од светска класа.Враќање во хотел или можност за дополнителен *факултативен излет Акробатско шоу(Acrobatic Show). Вечера. Ноќевање.

Ден 5:   01.05.2018           Шангај – Пекинг

Појадок. По појадок се заминува за Пекинг со супер брз воз (High speed bullet train) (Воз/TrainG1 09:00/13:48 часот). Пристигнување во Пекинг во 13:48 часот. Следи посета на Houhai Lake, што буквално значи “Црно Море”, е големо вештачко езеро во северниот дел на центарот на Пекинг. Заедно со останатите две езера Qianhai и Xihai, го сочинуваат Shichahai, историска сликовита област, која се наоѓа северо-западно од Забранетиот град и северно од езерото Beihai.Shichahai е со вкупна површина од 147 хектари и датира од династијата Yuan. Потоа следи прошетка и шопинг по познатата улицаWangfujing Street. Враќање во хотел и слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

Ден 6:   02.05.2018           Пекинг

Појадок. По појадокот следи целодневен разглед на градот Пекинг (Beijing City Tour), град кој има над три илјади години историја и е административен центар на Кина повеќе од 850 години. Разгледот  започнува со посета навеличествениот плоштад Тиананмен(Tiananmen Square), што во превод значи Портата на Небесниот мир, познат како најголемиот плоштад во светот. Плоштадот Тиананмен е изграден за време на династијата Минг во 1420 година, и на него се наоѓа мавзолејот на познатиот кинески политичар Мао Цетунги воедно престставува влез во царскиот град.Потоа ќе поминете низ портата и ќе влезете во Забранетиот град  каде царевите на династиите Минг (Ming) и Чинг (Qing) владееле со Кина повеќе од 500 години.Забранетиот град е комплекс на царски палати, кој зафаќа површина од 720.000 м², со 980 згради и 9.999 соби, и како таков важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и е прогласен од УНЕСКО за светско културно наследство во 1987 година.По разгледот, се оди во продавница за бисери, каде што можете да најдете накит изработен од најдобрите бисери. Враќање во хотел или можност за дополнителен * факултативен излет Golden Mask Show. Вечера. Ноќевање.

Ден 7:   03.05.2018           Пекинг

Појадок.Денешниот излет ќе започне со посета на галеријата – фабрика за жад(Jade Gallery), каде што ќе најдете прекрасен накит изработен од традиционалниот кинески скапоцен камен – жад. Потоа патувањето продолжува кон легендарниотГолемиот Кинески ѕид (делот Juyong Pass).

Кинескиот ѕид е едно светските чуда и симбол на Кина, внесен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО. Кинескиот ѕид во форма на џиновски змеј со висина од 8 метри, се протега низ планини, долини и шуми на околу8.850 км. Оваа уникатна архитектонска креација, јасно видлива од вселената, безусловно сведочи за величината на древна Кина. Кинескиот ѕид е симбол на Кина и мудроста на кинескиот народ.Во поладневните часови следи посета на Олимпискиот парк во Пекинг, каде што ќе ги видете (од надвор) Националниот стадион наречен Птичјо гнездо (има форма на птичјо гнездо) и Националниот пливачки центарнаречен Водена коцка, каде се одржуваа Летните Олимписки игри во 2008 година. Потоа, можете да се одморите во традиционална чајџилница додека пиете некој освежувачки чај.Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

Ден 8:   04.05.2018           Пекинг – Скопје

Појадок.По појадокот следи посета на Зоолошката градина во Пекинг,градината на Пандите (Cute Panda).Слободно време за ручек. Во попладневните часови слободно време за шопинг и разгледи. Во вечерните часови следи вечера во локален ресторан. По вечерата,трансфер до меѓународниот аеродром во Пекинг. Полетување од Пекинг за Истанбул во 00:50 часот.

Ден 9:   05.05.2018           Скопје

Слетување на аеродромот во Истанбул во 06:10 часот. Полетување од Истанбул за Скопје во 08:30 часот локално време. Слетување на аеродромот во Скопје во 08:00 часот.

Цена на пакет аранжман по лице :

Датум на патување Пакетна цена по лице за сместување во двокреветна соба
27.04.2018 – 05.05.2018             899€
*Пормотивна цена за уплата до 15.02.2018            755€

ВО ПРОГРАМАТА Е  ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски билет на релација Скопје – Истанбул – Шангај /Пекинг –Истанбул – Скопје, со авиокомпанијата Turkish Airlines;
  • Трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • 6 ноќевања со појадок во хотели со 4*;

→ 3 ноќи во Шангај – Shanghai Rayfont Downtown Hotel4* или сличен;

→3 ноќи во Пекинг – Beijing Longdihua Hotel4* или сличен;

  • 7вечери во локални ресторани;
  • Вклучена посета на Зоолошката градина во Пекинг, градината на Пандите (Cute Panda)
  • Локален водич на англиски јазик во Кина  ;
  • Претставник од агенцијата за време на целото патување;
  • Сите трансфери споменати во програмата
  • Втора класа супер брз воз (High speed bullet train) на релација Шангај – Пекинг;

 

НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Бакшиши за водичите и возачите (30 €  за 7 дена *се наплака во агенција  7 дена пред тргнување )
  • Аеродромски такси кој изнесуваат 377€;
  • Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
  • *Факултативните екскурзии;
  • Индивидуални трошоци;
  • Виза за Кина со еднократен влез – 75€(Се поднесуваат од страна на АТЛАНТИС)
  • Задолжително патничко осигурување.

 

Факултативни екскурзии:

  • Aкробатско шоу -70€
  • Крстарење по реката Huangpu -70€
  • Шоу под златни маски-70€

*Цените се калкулирани на пријавени 12патници,сите кој се заинтересирани ве молиме да се пријават најкасно до 28.03.18